24 ЧАСОВНИОТ БИЛАНС ОД COVID-19, 38 ОЗДРАВЕНИ И ДВА СМРТНИ СЛУЧАИ, 21 НОВОРЕГИСТРИРАН
Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на коронавирус.
100 милиони евра од ИПА компонентата за прекугранична соработка
Добри проекти за развој на прекуграничните места од Македонија и Албанија како и поголема искористеност на ИПА компонентата за прекугранична соработка очекува министерот за Локална самоуправа Сухејл Фазлиу. Тој смета дека време е еднаш засекогаш да ја извадиме политиката од институциите за да можат општините да функционираат професионално.
Камерна музика и „Отело“ вечер на „Охридско лето“
„Tурксој“ камерниот оркестар од Tурција и Театарска претстава „Отело“ од Вилијам Шекспир во продукција на Театар на Бугарската Армија, Софија Р. Бугарија, вечер на програмата на „Охридско лето“.
Монако во лов на невозможното
На почетокот на сезоната никој не им даваше шанси, но…
МИСИЈАТА И ВИЗИЈАТА НА ЦРВЕН КРСТ ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА
Дел од вработените во општинската администрација денес присуствуваа на Сесија за дисеминација што ја организира Црвениот Крст од Охрид со поддршка на Меѓународниот Комитет на организацијата.
Теоретичарите на заговор препорачуваат опасен лек – не го употребувајте!
Еден профил на Фејсбук полн со опасни конспиративни теории, на граѓаните им препорачува лек кој е опасен по здравјето. Според авторот кој стои зад профилот, лекот би требало да ги излекува луѓето од наводните негативни ефекти на вакцината против Ковид-19. Околу ова прашање Вистиномер разговараше со лекарот Aдурим Фазлиу кој е категорично против употребата на овој лек, при што рече дека неговите ефекти можат да бидат многу сериозни по здравјето. Фазлиу, како и сите научници, секојдневно апелира за масовна вакцинација, ако единствен „лек” против Ковид-19, пишува Порталб.мк.
Тригодишно девојче од Сараево се задушило со семка од цреша
Тригодишно девојчe, почина во Пале, населба во близина на Сараево, откако се задушило со семка од цреша.
2.300 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ЈА ПОМИНАА КОВИД-19 ТРЕНИНГ ПРОГРАМАТА НА PROJECT HOPE И BROWN UNIVERSITY ОД САД
Министерството за здравство во изминативе четири недели ја реализираше он лајн тренинг програма COVID 19 Response Training наменета за сите здравствени работници од јавните здравствени установи во земјава. За само три недели близу 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари, беа дел од интерактивните тренинзи кои се одвиваа онајн.
Каевски: Во Струга можеби ќе биде подобро да се сруши постоечкиот и да се изгради нов затворен базен
Во Струга најверојатно ќе се гради нов затворен базен. Такви се очекувањата на директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, кој вели дека оваа идеја сеуште се разгледува како можна опција за решение на овој децениски проблем.