Повторно од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид
Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на потегот планински премин Пресека-село Врбјани, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 30 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.
Струшката депонија која гори го зема својот данок од туристичката посетеност на градот
Струшката депонија која гори го зема својот данок од туристичката посетеност на градот. Странските туристи кои летуваат во Струга се појасно го изразуваат своето незадоволство и се закануваат дека ќе го скратат својот престој поради депонијата која гори и шири чад. Од граѓанската иницијатива „Доста е“ денес со предлози за конкретно решавање на проблемот со дивата депонија кој ги мачи стружани подолго време.
Како учениците во Данска учат географија
Фантазијата е единствена граница
„Илинден“ денес треба да биде извлечен на површината
Локалните самоуправи ќе помагаат за побрз влез на Македонија во ЕУ
„Локалните се на добар пат во спроведувањето на европските барања, но треба да се зголеми соработката со централната власт за резултатите да бидат поголеми“, вели градоначалникот на Вевчани, Васил Радиноски.
Се узурпираат и продаваат заедничките простории во внатрешноста на Амамот
Реагираат сопственици на дуќани во трговскиот центар дека поединци бесправно преградуваат ходници, тераси, подруми авршат зафати и врз фасадата на објектот. Барања за увид во нелегалните активности упатиле до повеќе институции пред повеќе од една година, но според нив, до денес никој не презел конкретна активност да се спречи самоволието и да се санкционира. Сопствениците на деловни простории во Амамот најавуваат кривични пријави.
Министерот за ИОА Манчески на средба со претставници на УПОЗ
Прва средба меѓу министерот Дамјан Манчевски и претставници на Синдикатот на УПОЗ.
Заедно во клупа, заедно во смрт
Отежнато извлекувањето на телата од траектот