Регистрирани се 40 нови случаи на Ковид-19
Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-1, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-1, Битола-1. Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на ковид -19.
Французите со декрет против ГМО
Франција објави декрет за забрана на генетски модифицирана (ГМО) пченка, како мерка која ќе спречи сеидба на таков вид пченка оваа пролет.
Почнува „Танц-фест 2009“
Со Шведскиот танцов филм, базиран на танцот и движечката сила денеска започнува петиот „Танц-фест“, во организација на Културниот центар „Интерарт“.
ОУ „Кочо Рацин“ го одбележува својот патронен празник
Во година на светска пандемија на Ковид 19 изостана традиционалната прослава со училишни активности, приредби, хуманитарни саеми. Наставниот кадар и учениците годинава подготвија соодветни он лајн содржини.
Влада: Oпштините Дебрца, Охрид и Струга да ги интензивираат процесите и активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО
Владата на Република Северна Македонија последната седница ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017-та година, одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Краков, 2017 и Баку, 2019), и релевантните заклучоци на Владата на Република Северна Македонија за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион и ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на УНЕСКО за Светско културно и природно наследство на Охридскиот регион, во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во регионот и афирмирање на владеење на правото.
Невреме заглави илјадници луѓе
Непроодни патишта, прекин на железничкиот сообраќај
Честитки од САД за изборите
Официјален Вашингтон и честита на Македонија за успешно спроведените избори и ја повтори заложбата за евроатланска интеграција на земјата.
Избрана фирма за чистење на канали, свлечишта и депонии
Фирмата ќе треба покрај одржување на овие комунални услуги да расчистува и диви депонии во градот и околината. Тендерот е во висина од над 2,3 милиони денари.
„Среќни и безбедни матурски вечери“
Во пресрет на матурските прослави, СВР Охрид, на целото подрачје што го покрива, ја отпочна превентивно- едукативната кампања „Среќни и безбедни матурски вечери“. Претставници од оделението за превенција, од денеска ќе бидат во средношколските центри во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, и со матурантите ќе разговараат за неопходните мерки за безбедност при одржувањето на матурските прослави.