Skip to main content
Григор Прличев
Дек 30, 2022
Под наслов прличев и ние
Беседите не смеат да имаат во себе политичка, етничка и верска содржина, туку треба да носат универзална порака за мир, љубов, соработка…

Полетарче
Дек 30, 2022
Црвен крст охрид
Новиот, пролетен циклус на „ПОЛЕТАРЧЕ“-Програмата за подготовка на деца за во училиште ќе започне во февруари 2023.

Полиција
Дек 29, 2022
Свр охрид
Жител на Велгошти се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот во угостителски објект на кеј „Македонија“.

Полиција
Дек 29, 2022
Улица егејска
54-годишен жител на селото Лешани е лишен од слобода бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници.

Гала концерт Василица
Дек 29, 2022
Национална опера и балет
Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ ќе се одржи на 12-ти и 13-ти јануари со почеток во 20 часот.

Багер на каменолом во Лабуништа
Дек 29, 2022
Блокада на патот струга дебар
Лабуништани денеска на масовни протести, го блокираа патот Струга-Дебар. Повторно го кренаа гласот против каменоломите во селото, кои од септември ја активираа механизацијата. Револтираните жители тврдат дека една третина од населението во Лабуништа има респираторни заболувања поради штетните честички и правот кој го вдишуваат.

Занаетчии
Дек 29, 2022
Економско-енергетски повластици
Малите занаетчии, бербери, фризери, кројачи, шивачи, автомеханичари и други мали фирми, занаетчии, од идната година ќе плаќаат поевтина струја. Владата ги прифатила барањата на занаетчиската комора за категоризирање од индустриска во електрична енергија за домаќинствата со цел поддршка на микро, малите занаетчии, сè додека трае кризата. Дополнително периодов Занаетчиската комора работи на намалување на давачките со цел овозможување подобри услови и стабилизирање на работата на занаетчиите и справување со економско енергетската криза.

Охрид украсен
Дек 29, 2022
Дочек на нова година
Недостасуваат организирани новогодишни програми во туристичките центри. За новогодишните празници најбројни ќе бидат домашните гости, како и туристите од соседството, од Србија, Бугарија, Грција и Албанија.