Езерото е толку повлечено што бродарите имаат потешкотии со закотвувањето на бродовите
Водостојот на Охридското езеро продолжува да опаѓа. Според денешните мерења на УХМР нивото е на 693,09 метри надморска висина или 1 см. под минимално дозволената кота. Екологистите подолго време во континуитет упатуваат апели и загриженост за опстанокот на биодиверзитетот. Сега и бродарите посочуваат дека езерото е толку повлечено што не можат да ги закотват бродовите на пристаништето.
Укината забраната за продажба на алкохол
Собранието со 62 гласа „за“ ги изгласа измените на Законот за трговија со кои се укина забраната за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот.
Силна снежна бура демне над Северна Европа
На државите од Северна Европа им се заканува големо невреме проследено со обилни снежни врнежи, што се очекува да доведе до проблеми во сообраќајот, поплави и покачување на нивото на Северното Море.
Вакцинација против заразните заушки
Вонредно вакцинирање против заразни заушки почнува од денеска за лицата од 15 до 19 години, кои не биле целосно опфатени со процесот на имунизација.
Национален парк Галичица констатирал узурпации на државно земјиште
ОД НП Галичица бараат охридскиот Државен правобранител да се вклучи во проверка при узурпација на државно земјиште на кое се градат нелегални градби во рамките на паркот. Од Државниот правобранител уверуваат дека постапуваат по сите пријави кои пристигнуваат до нив
Над 240 настрадани во земјотресот во Мексико
Спасувачките екипи пребаруваат по урнатините
„Опасниот“ Папа Франциско
Папата Франциско во текот на неделната посета на црквата Свети Кирил Александриски, во предградието на Рим, во разговор со верниците рече дека како момче работел и како исфрлувач во еден ноќен клуб во Буенос Аирес.
Боцевски на регионален состанок во Белград
„Европската перспектива на ЈИЕ во време на предизвици – справување со економската и енергетска криза”, е тема на регионален состанок што денеска ќе се одржи во Белград.
Општина Охрид остварува добра соработка со Грција и Албанија во искористување средства од ИПА фондовите
Oд ИПА фондовите за прекугранична соработка се подготвуваат апликации за проекти. Ќе се аплицира за изградба на трим патека и набавка на електрични возила.