Skip to main content
Охрид
Ное 29, 2022
Организиран дочек на градскиот плоштад
И покрај енергетската и економската криза Охрид ќе биде украсен за Новогодишните празници. За бројните туристи кои се очекува Новогодишната ноќ да ја дочекаат во главниот туристички центар ќе има и организиран дочек на градскиот плоштад. Градоначалникот Пецаков вели ќе биде скромно и целокупната организација нема да чини повеќе од лани околу 12 000 евра.

Улица Христо Узунов
Ное 29, 2022
Јп водовод
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 160 м.

Горива
Ное 28, 2022
Регулаторна комисија за енергетика
Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продаваат по намалени цени, додека пак мазутот ќе поскапи, одлучи денеска Регулаторната комисија.

Мултифункционално игралиште
Ное 28, 2022
Свечен настан
Мултифункционалното игралиште за ракомет, фудбал и кошарка е инвестиција на Државната Видеолотарија „Касинос Аустриа“ и е вредно 3 300 000 денари.

Дваесетта седница
Ное 28, 2022
Дваесетта седница на совет
Скромен ќе биде буџетот на Oпштина Охрид за 2023 година. Советот треба да скрои буџет кој ќе овозможи непречено функционирање на општината, но да има и развојна компонента и сето тоа во едни тешки финансиски околности.

vodovod
Ное 28, 2022
Финансии
50 милиони евра се одобрени од Европската инвестициона банка. Финансискиот заем е склучен меѓу Mинистерството за финансии и Европската инвестициона банка за модернизација на водоснабдувањето, проширување на системите за атмосферска канализација и третман и собирање на отпадните води.

Фејсбук
Ное 28, 2022
Кривична пријава
Кривична пријава против жител на Радовиш кој на Фејсбук постирал коментар со што поттикнувал омраза против одредена група граѓани.

Полициски службеници
Ное 28, 2022
Ја надминале дозволената брзина на движење
Во Охрид санкциониран 31 возач за управување возило со брзина поголема од дозволената. Во Струга казнети 98 возачи, 31-Кичево, 16-Дебар.