Бадник
Верниците во Македонија и во дел од другиот православен свет денеска го слават Бадник, предвесникот на Христовото раѓање – Божиќ.
Стопанската комора и бизнис секторот предлагаат преструктуирање на агроиндуструјата
Покрај предложените мерки се укажува на потребата од измена на методологијата на давање субвенции. Мерките треба да го поттикнат развојот на земјоделско-прехранбениот сектор во земјава. .
Потонаа три рибарски брода во Јужно Кинеско Море
Повеќе од 70 лица се водат како исчезнати откако потонале три рибарски брода во Јужното кинеско море, кое го погоди тајфун, јавуваат кинеските медиуми.
Бензините поевтинија 2,5 денари, дизелот четири
Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се намали за 2,5 денари, на Екстра лесното за 3,5, а на дизелот за четири денари.
Рекација на денешниот прес на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид
ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид денеска пак ја отворија темата за намаленото ниво на Охридското Езеро. Ништо не е спорно – намалениот водостој е факт. И секако не загрижува сите. Но треба здраворазумно да се размислува дека за ова што последниве месеци му се случува не само на Езерото туку и на останатите водени ресурси во земјава, па и пошироко не се виновни ниту СДСМ, ниту градоначалникот на Охрид , Константин Георгиески, ниту пратеничката Жаклина Лазаревска.
Стартува сезонската авиолинија Истанбул-Охрид
Летовите до Охрид ќе се одвиваат секоја недела
Се запалил туристички брод на Темза
Пожарот на туристичкиот брод се случил во неделата пред пладне, додека пловел покрај Вестминстерската палата. Патниците и екипажот скокнале во реката, и за среќа, никој не бил повреден.
Македонија испраќа 150 војници во Авганистан
Сто и педесет македонски војници денеска заминуваат во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.
ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Охридското Езеро е пред еколошка катастрофа
Охридското Езеро е пред еколошка катастрофа поради расипничкото однесување на власта на СДСМ. Водостојот на езерото се наоѓа на 693,09 метри надморска височина што е за 8 см под природниот минимум и 1 см под дозволениот минимум.