Претседателот на турскиот парламент на средби со македонскиот државен врв
Претседателот на турскиот парламент Ќоксал Топтан, денеска во Скопје ќе оствари средби со македонскиот државен врв, а ќе има и свое обраќање во Собранието.
„Охридски пливачки легенди“ е документарен филм посветен на 4та најдобри пливачки маратонци.
Документарецот содржи факти за Охридскиот пливачки маратон и спорстките достигнувања на Нико Нестор, Климе Савин, Дики и Атина Бојаџи. Љупчо Паункоски е автор на документарецот кој премиерно ќе биде прикажан во охридското кино утревечер во 18 часот.
Денес спектакл во Кардиф
Застрашувачка формација на европскиот шампион
Пронајден авионот на Виторио Мисони
По шест месеци, во близина на брегот на Венецуела пронајдени се остатоците од авионот во кој што бил извршниот директор на модната куќа Мисони, Виторио Мисони со својата сопруга Мауриција Кастиљони и уште еден брачен пар.
Остри критики за апсењето проститутки во Македонија
Неодамнешното апсење проститутки во Скопје, остро го критикуваа голем број меѓународни невладини организации, осудувајќи ја, притоа, полициската акција и нејзината заштита од страна на владата.
ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “OHRID GO”
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска го потпиша договорот за имплементација на проектот „Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO)“, кој е финансиран од страна на ЕУ преку програмата EU for Municipalities.
Охриѓани може по телефон да побараат психолошка помош
Охриѓани може по телефон да побараат психолошка помош од одделот за ментално здравје при Општа болница Охрид. На овој начин психолозите ќе бидат подостапни и ќе може побрзо да реагираат. Граѓаните се почесто се соочуваат со панични напади, депресивни и анксиозни состојби со пролонгирање на времетраењето на пандемијата.
Јужноафриканците се молат за Мандела
Со молитви и песни, илјадници Јужноафриканци ноќта ја минаа пред болницата каде што веќе дваесетина дена се наоѓа Нелсон Мандела.
Денот на наставата на турски јазик 21 декември
По повод Денот на наставата на турски јазик – 21 декември денеска во Скопје ќе се одржи втор Меѓународен симпозиум на настава на турски јазик на тема „Минатото, сегашноста и идната на Турците на Балканот“.