Метеорски дожд во Русија, стотици повредени
Руските медиуми јавија дека најмалку еден метеорит паднал во Чељабинск на 1500 килиометри источно од Москва.
Новиот амбасадор на САД Филип Рикер ќе ги предаде акредитивните писма
Без проблеми се одвива чистењето на речното урбано корито на Црн Дрим
Досега се исчистени една третина од должината на коритото, а работите се очекува да завршат до крајот на октомври. Последното чистење на коритото на Црн Дрим било пред три и пол децении.
Во Охрдското Езеро пуштена последната тура на подмладок на јагула
Охридското Езеро трет пат годинава се порибува со јагула. Вкупната количина е 2800 килограми подмладок јагула или околу 90 000 парчиња. Порибувањето се изврши денес од седум локации на Охридското Езеро.
Кој е во трка за папскиот престол?
Шеесет и четиригодишниот кардинал Петер Турксон од Гана, во медиумите во последните денови најчесто се споменува како кандидат за нов папа.
Колона возила од контингентот на АРМ во Ирак налетала на експлозивна направа
Министерството за одбрана соопшти дека колона од контингентот на АРМ вчера во Таџи, Ирак, во раните утрински часови по локално време налетала на импровизирана експлозивна направа.
Охриѓани во април 2021 ќе дознаат на колкави концентрации од ПМ честички се изложени
Со доаѓањето на зимата растат стравовите дека повторно ќе бидеме меѓу најзагадените земји во светот. Оваа година дотолку повеќе што загадувањето се поврзува и со поголемо ширење на вирусот Сарс Ков 2 и поголема смртност од Ковид 19. Во Охрид нема мерна станица во рамки на Државната мониторинг мрежа за следење на аерозагадувањето. Тоа во блиска иднина треба да се промени со проектот Interreg Airthings финансиран со европски пари а кој заврши денеска.
Богатата Европа или сиромашните јужноамериканци
Богати против сиромашни во четвртфиналето на Светското првенство
Светски ден на радиото
Денеска се слави светскиот ден на радиото, прогласен од страна на УНЕСКО.