Skip to main content
Јан 27, 2022

Со теоријата на заговор за „кемтрејлс“ користена во постот, се инсинуира дека авионите нè трујат со хемиски супстанци односно отрови кои предизвикуваат симптоми карактеристични на ковид-19. Ова, се разбира е неточно. Направени се истражувања од научната заедница и не е дојдено до ниту еден доказ дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од кондензација кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови. Неточно е  и тврдењето во постот дека пандемијата со коронавирусот е измислена и дека вирусот е лажен имагинарен. Ковид-19 постои и е реален, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот на светско ниво. Исто така,  апсолутно е невозможно преку вакцините да се изврши чипирање на населението. Вистината е дека состојките на вакцините се позната и јавна информација и ниедна вакцина не содржи микрочип.


Окт 22, 2020

Покрај проверките за лиценца на вршителите на такси превоз  сообраќајната полиција деновиве засилено врши контроли и  за почитување на препораките за заштита од корона вирусот во патниот ссообраќај.


Мар 25, 2013

Амбасадата на Русија во Дамаск не располага со информации за тоа дека претседателот на Сирија Башар ал Асад е убиен, јавува агенцијата “Интерфакс“.


Окт 25, 2008

Регулаторната комисија ја скрои цената на струјата. Од ноември предлага сметките да се зголемат за повеќе од 13 проценти. Пресметките регулаторите денеска ги ковертираа до трите енергетски компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН.


Ное 12, 2021

Расте бројот на пронајдени експлозивни средства во државата. Секој втор ден пиротехничарите имаат интервенции на терен. Најризични локации се битолскиот и струмичкиот регион. Како дел од програмата на НАТО во земјава се работи на вмрежување на институциите при детектирањето на неексплодирани убојни средства.


Окт 22, 2020

Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија, се дополнети и ажурирани со последните усвоени измени и дополнувања со кои се регулираат повеќе области.


Мар 19, 2013

Папата Францис денеска е свечено устоличен за нов поглавар на Католичката црква.


Окт 24, 2008

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска на заедничка координативна средба повторно ќе го разгледуваат последниот сет идеи на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името.


Окт 22, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 899 прекршоци.