ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ВО ПОСЕТА НА КОРЧА, РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА
Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески престојуваше во официјална посета на Општина Корча, Република Албанија.
Седум нови потреси во Охрид во текот на изминатата ноќ
Најсилниот земјотрес со јачина од 4.2 степени според Рихтер
И новинарите на BBC стапуваат во штрајк
Новинарите на британската медиумска куќа “Би-Би-Си“ најавиле дека во понеделник на 18-ти февруари ќе стапат во штрајк поради најавеното отпуштање на работници.
Нова рунда преговори најавува Нимиц, конкретен предлог сеуште не е на повидок
Медијаторот Метју Нимиц во наредните десетина дена ќе свика нова рунда разговори за да ги слушне финалните оценки на Македонија и на Грција за неговите идеи за решавање на спорот за името што ги изнесе на последната средба со преговарачите на двете земји.
Утврден договорот за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку КОВАКС механизмот
На оваа седница е разгледана и усвоена Информацијата за склучување на Договор за преземени обврски помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација, и е прифатен текстот на Обврзувачкиот договор за набавка на вакцините.
Петар Маркоски со нова преработка
Петар Маркоски со нова преработка, овојпат на познатата песна на младиот изведувач Shawn Mendes – Treat You Better, песна која за многу кратко време достигна над 1 милијарда прегледи на YouTube.
30 мртви во стампедо на верски празник во Индија
Во масовна паника на најголемиот празник на Хиндусите загинаа повеќе од 30 луѓе, а повредени се десетици. Паниката настанала на железничка станица во градот Алахабад.
Владата и „ТАВ“ ќе потпишат договор за издавање под концесија на македонските аеродроми
Владата на Република Македонија денеска ќе потпише договор со турската компанија „ТАВ“ за давање под концесија на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид и за изградба на карго аеродром во Штип.
За мерките за задолжително носење маски на отворено, за забрана за групирање на прослави ќе се носат законски измени за нивно уредување
Владата на Република Северна Македонија на денешната 11-та седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, со исклучоците кои опфаќаат спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт со приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство, во угостителските објекти со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, при престој во службена просторија – канцеларија ако лицето е само во просторијата, како и за децата до 6 години, односно за деца од претшколска возраст;