Skip to main content
Никола Тодоровски
Сеп 20, 2022
На програмата на ТВМ
Стендап шоу на ТВМ телевизија – недела 22:30 часот, на програмата на ТВМ телевизија, со Никола Тодоровски. Реприза на смеата за сите кои ја пропуштиле премиерата во недела, наредната сабота, ист термин, 20 часот.

Полиција
Сеп 20, 2022
Физички напад
Повозрасен охриѓанец со употреба на стаклен предмет нападнал 30-годишен сограѓанин во комплексот Свети Наум.

Недела на борба со туберкулоза
Сеп 20, 2022
Црвен крст
Со оваа бактерија може да се зарази секој и секаде. Доколку се сомневате дека сте заболени со инфекцијата или дека сте биле во контакт со заболено лице посетете го вашиот доктор.

Пехари Комуналец
Сеп 20, 2022
Хотел десарет охрид
Седум пехари и дванаесет дипломи освои Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ во конкуренција од над 30 претпријатија.

Меморандум за соработка
Сеп 20, 2022
Потпишан меморандум
Студентите од овој Универзитет потписник на овој Меморандум, ќе можат да реализираат практична настава кај институцијата соработник.

Горива
Сеп 19, 2022
Регулаторна комисија за енергетика
Цената на дизелот се намалува за три денари за литар, додека малопродажните цени на бензините не се менуваат.

Струшка депонија
Сеп 19, 2022
Судскиот процес за струшката депонија, по првата поднесена граѓанска тужба, заглави во апелација. Седум месеци нема одговор, по поднесената жалба од страна на тужените: министерството за животна средина, општина Струга и јавното комунално претпријатие, коишто струшкиот суд го прогласија за ненадлежен за вакво судење. Екологистите алармираат, велат судскиот процес со струшката депонија бара итно решавање, бидејки изминативе пет години во струшко има значителен пораст на заболени од карцином и респираторни заболувања.

Младите во фокусот
Сеп 19, 2022
Младински политики
Општина Охрид дел од иницијативата Младите во фокусот. Денеска претставници на Клубот за младински прашања и политики при Собранието на РСМ остварија средба со преставници на локалната , советници во Градскиот Совет, локалниот младински совет и младински граѓански организации. Целта на средбата беше да се слушнат ставови и размислувања за темите кои ги обединува иницијативата, градење на капацитетот на локалниот младински совет и предизвиците на имплементација на Законот за младинско учество.