Започна Балканскиот поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“
Млади поети и писатели на литература за деца неколку денови ќе ги запознаваат убавините на Охрид, Дебрца и Вевчани и ќе творат на Балканскиот поетски камп „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“. Годинешната поетска манифестација е во знакот на одбележувањето на 108 годишнината од раѓањето и 40 години од смртта на Ванчо Николески.
Бензините и дизелот поевтинуваат
Бензините и дизел горивата од полноќ ќе поевтинат
ФОТО: Берлускони ја избриша пудрата, па одлучи да дремне
ОК на ВМРО ДПМНЕ : СДСМ и Георгиески немаат капацитет да го решат проблемот со кучињата скитници
Со Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески стана секојдневие граѓаните да бидат нападнати и искасани од бездомните кучиња, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
Падот на авионот со бразилските фудбалери можел да се спречи
Нови и шокантни вести пристигнуваат за авионската несреќа во Колумбија
Паника на улиците во Охајо – од фарма избегале лавови, тигри и мечки
Препораки како да се заштeди по поскапувањето на струја
Да се користат новите технологии за греење, за да се заштити семејниот буџет од новото поскапување на струјата, препорачуваат експертите по енергетика. За греење на домаќинствата да се користат инвертер клими и печки на пелети. Меѓу препораките за намалување на сметките за струја е замена на светилките со лед осветлување и користење на ефтината тарифа на струја.
Можностсо грант неколку струшки села да изградат водовдна и фекална канализација
Можност со грант неколку струшки села да изградат водовдна и фекална канализација
Зелено светло дадоа струшките советници за аплицирање до грант во висина од околу 500 илјади евра за изградба на водоводна и фекална канализација во неколку села. Корошишта, Ливада, Ложани и останатите села од регионот конечно добиваат можност да го решат горливиот проблем со вода за пиење и со одведување на отпадните води. Околу 15000 жителите со овој грант ќе имаат голема комунална продобивка, напоменува претседателот на струшкиот совет Абдула Ќазимоски.
„Сигруно ќе биде подобро .Ќе бидат регулирани фекалните води и ќе има поздрав живот. Има луѓе со септички јами,а со овој зафат ќе имаме поздрава почва, води и животна средина. Некој тие води ги испушта во каналите, секој фрла се и сешто“, кажува Ќазимоски.
Инаку, советниците ја прекинаа седницата и побараа појаснувања во однос на аплицирањето за средства до Европската банка за развој.Се интересираа дали тие средства се кредит, кој ќе управува со системот и дали треба да се вратат тие средства.
„Заради итноста да се аплицира во Светска банка требаше повтроно да се свика седница со задоцнување од еден час и да бараме прецизни образложенија од членот на екомски локален развој за она што не беше јасно за советниците“, рече Ќазимоски.
Советниците добија обрзложение дека станува збор за неповратен грант, со системот ќе управува МЈП Проаква, а европската Комисија може да бара поврат на средствата долку не се управува домаќински и наменски со водовдниот и канализациониот систем.