Skip to main content
Дек 28, 2016

Министерството за труд и социјална политика информира дека отпочна со постапка за прибирање на барања на лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток,  детски додаток, родителски додаток како и деца без родители и родителска грижа, за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца во текот на зимскиот распуст за учебната 2016/2017 година.


Авг 27, 2011

Супстанци кои се користат за лекување на шизофренија, манија и биполарно растројство по грешка се откриени во лекот против главоболка „Нурофен-плус“, кој се продава во Велика Британија без лекарски рецепт и по сампослугите.


Авг 13, 2020

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска треба да му го предаде мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.


Ное 22, 2016

Илјадници се евакуирани во повисоките делови на островот


Авг 25, 2011

Членката на преодниот национален совет на Либија Фатима Махмуд изјави дека Моамер Гадафи би можел да побара азил во Чад, Алжир, Венецуела, Хрватска и Србија – објави Танјуг.


Авг 13, 2020

Уште едно врвно уметничко доживување приреди фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“ со концертот на словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс“.


Јун 3, 2016

Со огномет и традиционалното фрлање на капи матурантите од приватниот колеџ Јахја Кемал, се збогуваа со училиштето. На свеченоста учениците изведоа богата мултикултурна уметничка програма на македонски, албански и турски јазик. Најдобрите беа пофалени и наградени. Завршната свеченост се одржа синоќа во Домот на културата во Струга, каде присуствуваа родители, бројни гости, претставници на училиштето и локалните самоуправи на Струга и Охрид, меѓу кои беше и градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.


Авг 24, 2011

Траги од токсични хемикалии штетни за природната средина и човечкото здравје се утврдени во облека која ја произведуваат 14 врвни произведувачи, потсетила денеска организацијата “Гринпис“.


Авг 12, 2020

Благородниот гест е признание за сестрите кои се херои во првите  линии во борбата со Ковид 19.  Сликите беа предадени на кратка манифестација организирана од Здужението за култура и уметност “Мацково” Охрид -Црвена Вода и Злата Змејкоска Гашпаровиќ, медицинска сестра во пензија.