Skip to main content
Мај 7, 2025
општина охрид
Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина.

Мај 7, 2025
На 26-тото издание на „Распеано рибарче“ настапија 38 изведувачи, а беа испеани 33 нови композиции.

Мај 7, 2025
Оваа летна сезона на охридското крајбрежје ќе ги нема туристите од Полска. По „Реинбоу“, летовите до Охрид ги откажа и вториот полски тур оператор „Рего Бис“. И покрај тоа што државата ги зголеми субвенциите за полските туристи од 35 на 65 евра по лице, тур операторите откажаа поради тоа што хотелиерите ги поскапија цените.

Мај 7, 2025
Ѓурѓовден со големи прослави се празнува меѓу православното македонско население во Мала Преспа, Албанија. Само на неколку минути одалеченост од Пустец, кој е административен центар на девет чисто македонски етнички села, се наоѓа Шулин. Ѓурѓовден е празник кој го обединува селото, ги враќа младите на родното огниште и ја одржува жива врската со македонските обичаи и духовното наследство. ТВМ телевизија беше меѓу македонците во ова убаво преспанско село од другата страна на границата.

Мај 7, 2025
Во Охрид денеска се одржа хуманитарна трка за помош на семејствата на жртвите во нереќата во Кочани. На настанот „Од срце трчај, од срце дарувај за Кочани” учествуваа над 500 ученици од охридските средни училишта, професори и родители. Собраните средства ќе бидат донирани преку Црвен Крст онаму каде што е најпотребно.

Мај 7, 2025
Дваесет години студио Соната Охрид. Тоа е единствената школа во градот за модерни танци, современ балет и хип хоп. Танцот е еден вид дисциплина која има позитивни ефекти врз физичкото и менталното здравје.

Мај 7, 2025
Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид
Во петок акција за подигање кабаст и зелен отпад на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населба Охридати.

Мај 7, 2025
општина охрид
Двете локални самоуправи се обврзуваат во рамките на своите можности и надлежности, да воспостават соработка во областите на делување и тоа: економија, култура, образование, туризам, наука и истражување, ИТ технологии, младински прашања, здравство и социјална политика, јавни услуги, заштита и зачувување на културното наследство, заштита на природната средина, спорт и други области од заемен интерес.

Мај 7, 2025
Денес ќе се оджи хуманитарната трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани” која СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид ја организира во соработка со ЈП “Билјанини извори”-Охрид.