Црн ден за авионите „миг“
Охридските угостители ги отворија летните тераси
На терасите на охридските кафетерии денес се служеше кафе. Персоналот со заштитни маски и ракавици, гостите едни од други на растојание, по двајца на маса. Ова е сликата на која ќе треба да се навикнеме да ја гледаме одреден период. Дали угостиелите ќе бидат ќар или зијан од оваа сезона зависи од тоа како ќе се справуваме со ширењето на вирусот од што зависи понатамошно олабавување на мерките.
Европскиот шампион во Скопје
Утре пристигнува делегацијата од Хамбург
Нов Зеланд: Неизвесно преживувањето на 70 китови
Со кју-ар (QR) кодот за вакцинација не се креираат информации за ,,социјален кредитен систем”
Не е вистина дека со кју-ар (QR) кодот генериран при вакцинација, се складираат информации за тоа колку сметки има оној кој се вакцинира, колку должи, дали поседува оружје, колкав е кредитниот рејтинг итн. Кју ар кодот содржи само податоци за примената вакцина, резултат од ПЦР тест и ништо повеќе.
Короната ги секна парите за рурален развој и специфични рурални подрачја
Со кратење на буџетот средствата за развој на овие подрачја се пренасочени во антикризните мерки за поддршка на граѓаните и стопанството. Програмите за прекугранична соработка од ЕУ течат непречено.
Жителите на Париз ќе пијат минерална вода од чешма
Недостиг на педијатри во Охрид
Охрид би можел да остане без болничко лекување за најмладите, предупредуваат лекарите. Дефицитот на педијатри кој е проблем во целата држава може да доведе детското одделение во Општа болница Охрид да работи како амбуланта. Во моментов само една докторка е на специјализација, но двајца педијатри од одделението по Нова година заминуваат во пензија. Менаџментот на болницата бара можни решенија преку ротации од други болници да се ублажи проблемот.
Започна асфалтирањето на тротоарите на улицата 15-ти Корпус
За реконструкција на улицата се обезбедени пари од владата и од буџетот на општината. Покрај овој капитален инфраструктурен проект се одвива уште еден обемен зафат на Абас Емин и поправки на повеќе улици во градот и населените места.