Skip to main content
Дек 28, 2021

За време на божиќниот викенд, силно невреме предизвика виулици и ги затвори автопатите во планините во Северна Калифорнија и Невада. Метеоролозите предупредија дека патувањето во планините Сиера Невада може да биде тешко неколку дена.


Мај 7, 2020

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ од утре ќе започнат со расчистување на џбунеста вегетација (трње, диви капини и др.) во паркот „Мазија“. Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ во истиот парк на четири врби ќе извршат кастрење и уредување на крошните, додека други четири врби ќе бидат целосно отстранети, бидејќи се болни и потполно исушени и не постои можност за успешно санирање.


Апр 30, 2010

Активистите за заштита на животната средина во Русија во знак на протест против повторното отварање на фабриката за хартија на брегот на Бајкалското езеро во Сибир на премиерот Владимир Путин му подари над 20 ролни тоалетна хартија.


Окт 27, 2021

На само неколку дена пред вториот изборен круг, Кирил Пецаков се одважи и конечно призна дека неговиот план е Охрид да го врати назад во минатото и дека ќе биде слуга и маша на личните и бизнис интереси на поединци, кажа денеска на прес конференција кандидатот за Градоначалник од СДСМ и коалицијата, Константин Георгиески. Не можам да поверувам дека гази врз природата и сите правни норми, дека повторно сака да ги одземе плажите од граѓаните и да ги врати во рацете на профитери, рече Георгиески.


Мај 7, 2020

Овој начин на совладување на наставните содржини  и  вежбањето на композиции на инструментите бара поголем ангажман  и од учениците и од наставниците. Директорката на музичкото школо е задоволна од досегашиот тек на  реализација на наставата.  


Апр 30, 2010

Бразилскиот претседател Лула да Силва е прв на листата на стоте највлијателни личности што ја прави магазинот „Тајм“, во која фигурираат и Лејди Гага и генералниот директор на ММФ Доминик Строс-Кан.


Мај 7, 2020

Епидемиолошката состојба во Охрид е стабилна во континуитет, отценува првиот човек на центарот за Јавно здтравје, Сашо Точков.
Од вкупно 15 случаи на лица инфицирани со корона вирус од почетокот на епидемијата до денес, 7 лица се оздравени односно не се повеќе позитивни на вирусот. Останатите 8 лица веќе имаат прв негативен тест и се очекува вториот негативен резултат за присуство на вирусот. Денеска се земаа и испраќаа материјали односно брисеви во лабораториите во Скопје.


Јан 4, 2017

ТАВ Аеродроми, од 1 јануари 2017 година, го назначи Алп Ер Тунга Ерсој за нов генерален директор на компанијата која управува со двата македонски аеродроми – скопскиот Александар Велики и охридскиот Свети Апостол Павле. Досегашниот директор Зоран Крстевски пак е назначен за член на Бордот на директори на ТАВ Македонија.


Апр 27, 2010

Американските војници кои се враќаат од Ирак и Авганистан боледуваат од болести кои не се поврзани со ранување од куршум или експлозија на бомба. тие веруваат дека ги заразило нешто во воздухот.