Skip to main content
Јун 3, 2010

Дваесет и двегодишен Французин украл околу 15 килограми злато од фабриката за производство на луксузни часовници “Ролекс“ во Женева, јави руската новинска агенција Интерфакс.


Јан 22, 2022

Грипот и ковид-19 се две заразни респираторни заболувања, тие се предизвикани од различни вируси, предизвикуваат различни компликации, имаат различни нивоа на сериозност како и различни нивоа на смртност. Грипот се појавува сезонски односно почнува наесен, а завршува напролет со тоа што во зимските месеци се забележуваат најмногу случаи. Коронавирусот досега имаше повеќе пикови, коишто немаат апсолутно никаква врска со временските услови. Аргумент којшто е надвор од секоја логика е дека бројот на заболени расте затоа што е зима и дека тоа потврдува дека станува збор за грип. Да, зима е кај нас како и на целата Северна полутопка, но не е зима на Јужната полутопка каде што, исто така, и има голем број на секојдневни заболувања со коронавирусот.


Мај 15, 2020

Државната комисија за спречување на корупцијата побара од Владата да ги одземе надлежностите на сите општини за уривање на нелегално изградените објекти во охридско-струшкиот регион под заштита на УНЕСКО. Одлуката на Комисијата е донесена откако утврдиле дека средствата кои ги предвидела Општина Охрид се премалку за оваа намена. Овој регион  е под заштита на УНЕСКО и потребно е справување со бесправно изградените објекти, побара  Билјана Ивановска, претседател на Антикорупциска комисија.


Јун 2, 2010

Спасувачката служба во областа Бојака, во централна Колумбија, спаси пет деца, кои од своето раѓање живееле изолирани од светот во пештера, која ја ископал нивниот татко.


Окт 28, 2021

Во пресрет на одржување на вториот круг од Локалните избори што ќе се одржи во недела на 31 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи известува дека и во сабота и недела управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.


Мај 15, 2020

Никој не открива  колкав е бројот на  лица ставени во изолација иако ТВМ има инфромација дека станува збор за 20 -тина лица. Нема тестирања заради тоа што никој непројавил симптоми за да ја исполни дефиницијата за случај и да биде тестиран. Од ОДВ Електрик и од ЦЈЗ тврдат дека навреме биле преземени сите мерки за дезинфекција на фабриката и заштита на вработените. Фабриката ќе биде затворена 14 дена, до 23-ти мај. 


Јун 2, 2010

Иако поминаа скоро 13 години од смртта на принцезата Дијана, нејзиното прерано заминување и понатаму на виделина изнесува нови сомнежи за тоа дека сообраќајната несреќа беше чиста случајност.


Мај 15, 2020

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.


Јан 26, 2017

На Охридско Лето годинава за прв пат гостуваат „Гласот на Јунан“ – светската атракција од Кина која го прикажува диверзитетот и восхитувачката уметност на етнички најбогатата кинеска провинција.