Skip to main content
Мар 26, 2020

Граѓаните стравуваат за здравјето на медицинскиот персонал од одделението за трансфузиологија. Во државава 12% од заболените се лекари. Вирусот е веќе во локална трансмисија и секој треба да се однесува како да е носител и со високо ниво на свеовесност и одговорност кон јавното здравје.  Здравствените работници од Центарот з а јавно здравје упатија аплауз за совесните охриѓани кои ги почитуваат владините  мерки и седат дома. 


Окт 26, 2015

Советот на Европската Асоцијација на Универзитети на состанокот одржан во Брисел на 23.10.2015, ја прифати апликацијата на МУС, за полноправно членство во ЕУА. Со тоа МУС стана првиот приватен универзитет на Балканот кој е официјално примен како полноправна членка на Европската Асоцијација на Универзитети – ЕУА.


Фев 9, 2010

Властите се сомневаат дека во неа се наоѓаат посмртни остатоци на политички затвореници стрелани за време на комунистичкиот режим на поранешниот албански диктатор Енвер Хоџа,јавиле медиумите во Приштина.


Мар 26, 2020

Маркетите во градов и во вонредна состојба работат со полна пареа. Вработените го даваат својот максимум за да можат граѓаните да бидат услужени, но и безбедни. Менаџерскиот тим на маркетите МИСА решил аконтацијата за данок од добивка која вообичаено се плаќа еднаш месечно, да ја плати однапред за цела 2020та година, а со тоа да и помогне на државава во оваа тешка ситуација. 


Фев 24, 2014

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои турнирот во Рио де Жанеиро со победата во финалето над украинецот Александар Долгополов.


Фев 8, 2010

Финансиските експерти предупредуваат дека кревкото глобално заздравување може да биде загрозено од кризата во Грција.


Окт 25, 2021

На 24.10.2021 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведен е Ј.Ѓ.(36) од Охрид кој, претходно, во угостителски објект лоциран на улицата „Железничка” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со непристојно и агресивно однесување кон вработените и гостите во објектот.


Мар 26, 2020

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.


Фев 8, 2010

Во американската држава Конетикат во градот Мидлтаун дојде до експлозија во електарана.