Skip to main content
Дек 8, 2009

Германскиот производител на автомобили Фолксфаген соопшти дека купил 49.9 % од акциите во неговиот најголем конкурент Порше.


Мар 9, 2020

Максимално сум разочаран поради непочитување на препораката за изолација од 14 дена , кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Директорката на Клиниката за кожни болести е четвртата регистрирана заболена во земјава со корона вирус. Таа пред една недела се вратила од патување во Италија. По враќањето продолжила да оди на  работа непочитувајќи ги препораките за самоизолација и загрозувајќи го здравјето на сите со кои дошла во контакт. Ќе има мерки против сите за кои е утврдено дека го загрозуваат јавното здравје. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје зашто е тоа наш приоритет, додаде Филипче. 


Окт 3, 2015

Стружанецот Агрон Џила е носител на многу титули, меѓу кои и светски шампион во бокс до 24 години. Со ваква титула порано не успеале да се стекнат ни големите имиња во боксот како Тајсон, Кличко. Џила, скромен по природа, професионално има одиграно 24 меча, може да се пофали со 23 издвојувани победи а само еден пораз.


Дек 8, 2009

Конференција посветена на надминување на економската криза во земјите од западен Балкан, ќе се одржи в среда, во организација на Европската унија (ЕУ).


Мар 9, 2020


Покрај сушата најголеми виновници се македонските и грчите овоштари. Засега Охридското Езеро не е во опасност се додека се напојува од изворите од Св. Наум и Тушемиште, но и тоа зависи од одговорноста на луѓето кои го регулират нивото на езерото со испуштање на водите во реката Црн Дрим.


Фев 19, 2014

По прв пат во фудбалската историја


Дек 7, 2009

Актуелниот боливиски претседател Ево Моралес синоќа објави дека победи на претседателските избори.


Јан 21, 2022

Не само што директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла, не е осуден за никакви злосторства врз човештвото, туку и во времето на наводната пресуда која никогаш не се случила, всушност станува добитник на престижната „Генезис“ награда за неговите напори во развојот на ковид вакцината. Наградата е 1 милион долари и се дава секоја година на лице за неговите професионални достигнувања, придонеси кон човештвото и посветеност кон еврејските вредности.


Мар 9, 2020

Во рамките на одбележувањето на јубилејот,25 години од основањето на Женскиот центар „ Бисера“ , викендов во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена ликовна изложба на жени сликарки од Охрид. На свеченото отворање на изложбата се обрати претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска.