Skip to main content
Дек 23, 2009

Левичарските бунтовници го заклаа гувенер на колумбиската провинција Какета, Луис Фернандес Куелар.


Мар 17, 2020

Паника завладеа кај студентите и нивните родители по најавите дека државниот студенски дом „Никола Карев“ ќе се пренамени во центар за изолација и карантин во случај на потреба доколку дојде до ширење на Ковид 19. Нема место за паника ни страв порачува директорот. Домот ќе се пренамени само доколку дојде до енормни појави на болеста.  Денес, започна дезинфекција на  собите  во студенскиот  и ученичкиот дом за кои беше одлучено да се пренаменат во центри за изолација во вонредна ситуација.


Јул 12, 2016

Играчите ги движи по улиците на своите градови за да собираат Покемони


Дек 22, 2009

Околу 47.000 луѓе се евакурани од подножјето на вулканот Мајон на Филипини.


Мар 16, 2020

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески свика кородинативно тело кое ќе презема оперативни мерки за борба со коронавирусот. Студенскиот дом и училишниот интернат на угостителското училиште ќе се пренаменат во центри за изолација на полесните случаи заболени од корона вирусот. Дополнително ќе се одлучи во која болница ќе се  лекуваат  потешки случаи. Општината одвои  пари за купување храна и лекови за  ранливата категорија сограѓани.


Апр 13, 2016

Миле Јанакиевски е прв на списокот со 16 помилувања


Дек 22, 2009

Собранието на Федералниот Округ Мексико Сити синоќа донесе одлука за легализаџија на хомосексуалните бракови.


Мар 16, 2020

Состојбата со нивото на водата во Охридското езеро,  засега стабилна. Но, тоа не значи дека не треба будно да се следи. Најважно од се е контролирано да се врши испуштањето на водите од езерото преку браната на реката Црн Дрим, посебно сега кога соседна Албанија се соочува со недостиг на електрична енергија.


Окт 8, 2015

Денес ЕВН ја вклучи струјата во струшките основни училишта. Претставниците на Советот на родители сметаат дека проблемот е надминат и нема да се повтори. Велат, издржавме без класичен бојкот, вршевме притисоци до надлежните институции за на децата да им обезбедиме нормални услови за изведување на воспитно образовниот процес.