Уапсен е еден од најбараните италијански мафијаши
Тој беше во бегство од 1996 година
Затвор за лидерот на ЕТА
Шпанскиот суд нареди да бидат испратени во затвор лидерот на баскиските сепаратисти Арналдо Отеги и четворица негови соработници, осомничени дека сакале да го возобноват раководството на Батасуна, политичкото крило на забранетата ЕТА.
Патеката која се простира над Лабино, небезбедна за шетачите
Патеката која се простира над Лабино, небезбедна за шетачите. Граѓаните бараат Локалната што поскоро да го обезбеди овој простор, да постави ограда по целата должина, а и некоја табла со предупредување за опасностите кои демнат. Од Локалната велат дека оние кои ја граделе и вршеле надзор кажале дека таа патека е безбедна и нема што тука да се дискутира.
Договорот за медиумите голема „сопка“
Претставниците на четирите политички партии, потписници на договорот од Пржино и вчера не успеаја да ги усогласат предлозите за реформите во медиумите.
Хилари Клинтон попопуларна од Обама
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која минатата година ја загуби од Барак Обама трката за номинација за демократски претседателски кандидат, сега е попопуларна од претседателот на САД, покажуваат резултатите од најновата анкета на агенцијата Галуп.
ВМРО ДПМНЕ: ЈП „Колекторски систем“ никако да профункционира
Новото државно јавно претпријатие „Колектосрки систем“ блокирано. Наместо нормално функционирање на новоформираното претпријатие власта имала други приоритети, обвинија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
Движењето за реформи ДПА, чека регистрација
Цели два месеци новата политичка партија Движењето за реформи ДПА, чека регистрација. Патот за легализација на новата политичка опција минува низ трнлив пат по судските установи и не е лесен, вели Зијадин Села, еден од основачите на партијата. Но и покрај тоа Села очекува позитивно решение, за да почнат да функционираат.
Баросо бара брза одлука за Лисабонскиот договор
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо побара вчера во Виена брза и конечна одлука за Лисабонскиот договор.
За поголем економски развој на регионов потребно е поинтензивно користење на фондовите од ЕУ
Досега се искористени бројни можности, а една во најава е набавка на еколошки бродови за поголем економски бенефит на жителите од крајезерскиот регион.Во таа насока се поттикнуваат општините, здруженијата и институциите да се вклучуваат активно во изготвување на проекти со кои ќе придонесат за развој на целокупното општество, повикува министерот на локална самоуправа Горан Милевски.