Коментари на грчките медиуми во врска со извештајот на Европската комисија
Прво решение за името на Македонија, па потоа членство во ЕУ, го коментира денеска атинскиот весник „Етнос“ извештајот на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Унијата.
Магично зајдисонце во Охрид
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ Телевизија ни пристигнаа слики од Емилија Бимбилоска на кои се гледа прекрасно зајдисонце во Охрид.
Министерството за култура одобри средства за реализација на три проекти за Охридскиот народен театар за годинава
Тоа се проекти со кои Центарот за култура „Григор Прличев“ аплицирал за средства од Програмата за поддршка на проекти од културата од национален интерес за 2020та. Директорот на Центарот е задоволен од добиените средства и најавува продолжување на богатата програма.
Најмалку 15 мртви во напади врз полицијата во Пакистан
Најмалку 15 луѓе се убиени во два одвоени напади врз припадниците на пакистанската полиција.
Пецаков: Поставување фотоволтаични панели за заштита на животната средина и намалени трошоци за електрична енергија
Квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во договор со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување. Оттаму обезбедувањето проектна документација за поставување фотоволтаични панели за ридско-планинските места е еден од тие проекти, изјави денеска Кирил Пецаков, кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.
Се враќа ракот во Охридското Езеро
Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ за време на едно од зимските нуркања, открија нови колинии на слатководен рак во водите на Охридското езеро. Станува збор за редок вид.
Српската берза на продажба?
Бројот на заболени од грип, поголем од лани
Бројот на заболени од сезонски грип во охридско-струшкиот регион речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани. Намален е бројот на заболени од постарата популација, но зголемен е бројот на заразени од школската популација. Во Охрид не е изолиран типот на вирусот на грип, додека во Струга има неколку случаи каде е изолиран грип од типот А и Б.
Фестивал на новиот германски филм
Сите љубители на современата филмска уметност ќе имаат можност да уживаат во ревијата современи германски филмови и во Охрид.