Skip to main content
Велигден
Апр 20, 2022
Богата музичка програма
Велигденски концерт во пресрет на големиот христијански празник Велигден ќе се одржи во Охрид. Концертот е закажан во сабота, со почеток во 19 часот.

Хуманитарна акција
Апр 20, 2022
Недела на солидарност
Подигнување на свеста за помош и поддршка на ранливото население посебно е потребно сега во услови на тешка економска криза. Од Црвен крст апелираат до сите кои се во можност да ја покажат својата солидарност и хуманост и да се вклучат во собирната акција.

Cars Club MK поддршка за ретките
Апр 20, 2022
Ретко е да си редок
Во организација на CarsClub MK во соработка со здружението за ретки болести “Ретко е да си редок”, собирот се одржа на големиот паркинг кај „Славија“ во „Горица 3“. Сите собрани средства од општествено одговорни фирми и поединци беа донирани за помош на лицата со ретки болести.

Пица мајсторот Дејан Трајанов Чеде
Апр 20, 2022
Македонија на Светски шампионат во правење пица
Пица мајсторот Дејан Трајанов Чеде ќе ја претставува Македонија на Светскиот шампионат во правење пица во Рим, Италија. Чеде, кој важи за еден од најдобрите мајстори на пицата во земјава, деновиве интензивно се подготвува за предизвикот да направи совршена наполитанска пица.

Forum AHV
Апр 20, 2022
Храна и ветеринарство
Ветеринарните служби од регионов ќе ја интензивираат соработката за искоренување на заразните болести кај домашните животни. Институциите со меѓусебна соработка ќе имаат подобра контрола врз увозот и продажбата на безбедна храна во трговијата. Досега, не откриeни прехранбени производи кои го загрозуваат здравјето на луѓето.

Автобуси
Апр 20, 2022
Јавен превоз на патници
Полициски службеници извршиле контроли на 10 автобуси кои вршат јавен превоз на патници, а притоа не констатирале прекршоци.

Улица Јабланица
Апр 20, 2022
Ти си твојот град
Дупки, прашина, кал на ул. „Јабланица“ позади хотелот „Фламинго“ во Охрид. Сликите ги испрати Вали Бајрактар во рубриката „Ти си твојот град“.

полициска лента
Апр 20, 2022
Сообраќајна несреќа
18-годишен охриѓанец се здобил со тешки телесни повреди откако со возило излетал од патот кај охридското село Велгошти.