Поради административни пречки доцни изградбата на новата болница во Струга
Поради административни пречки доцни изградбата на новата болница во Струга. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека тие се надминати, постапката е во тек и веднаш кога општината ќе го одобри планот ќе се започне со проектирање на новата општа болница.
Маглата го отежна авиосообраќајот на скопскиот аеродром
Маглата го отежна авиосообраќајот на скопскиот аеродром, поради што дел од летовите се откажани, а дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и Софија.
Новиот претседател на ЕУ е Шведска
Шведска денеска го презема шестмесечното претседавање со Европската унија, од својата претходничка Чешка.
Охридскиот народен театар повторно пред публиката со претставата „Хотел ни на небо, ни на земја“
Охридскиот Народен Театар овој пето повторно ја поставува новата претстава „Хотел ни на небо ни на земја”, работена според текст на Ерик Емануел Шмит, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Поголема заштита на пречистителната станица во Враништа
Само со сепарација на водоводната мрежа во Охрид и Струга, односно одделување на атмосферската од фекалната вода, може да се намалат дефектите кои се случуваат во пречистителната станица во Враништа. Поради се почестите проблеми, оваа пречистителна станица се случува да не работи со денови. Доколку не се преземат посериозни чекори за реновирање на системот на оваа станица, може да се случи системот да колабира, предупредуваат одговорните.
Во престрелка во САД повредени петмина средношколци
Седум лица, меѓу кои најмалку пет ученици, се повредени денеска во престрелка на автобуската станица во Детроит, во близина на средно училиште, соопштија официјални претставници.
ОПШТИНА ОХРИД ОРГАНИЗИРА ЗАЕДНИЧКИ ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА
На Градскиот плоштад и оваа година ќе биде организиран заеднички дочек на Новата година. За забавата ќе се погрижат охридските музичари Ѓоко Танески, бендот Камелеон и Ефто Пупиноски.
Гвардиола не го сака Манџукиќ
Можен трансфер во Челзи на Манџукиќ ?
Се урна уште еден ербас
Авион Ербас 310 со 150 патници и членови на екипажот на компанијата Јемениа Ер се урна рано денеска на подрачјето на островите Комори во Индискиот океан.