Заменик директорот на УЈП Аргетим Асани, убиен во Струга
Аргетим Асани, заменик директор на Управата за јавни приходи на Македонија денеска околу 13 часот и 20 минути беше смртно застрелан во центарот на Струга. Кон него било пукано од автомобил во движење. Владејачката ДУИ го осуди инцидентот но од таму велат дека Асани не е член на партијата.
Единаесет луѓе се удавија во Нил
Единаесет луѓе се удавија кога брод потона во реката Нил, во близина на главниот град на Судан, Картум, соопшти полицијата.
Традиционална крводарителска акција „Водици 2020“
Во рамки на активностите од Програмата за одбелжување на Големиот православен празник „Богојавление Водици“ во Охрид, во недела, на 19-ти јануари 2020 година, охридскиот Црвен крст ќе ја организира традиционалната крводарителна акција „Водици 2020“.
Липницкаја, најмладата освојувачка на злато во историјата на ЗОИ
Со своите само 15 години и 149 дена руската лизгачка стана најмладата освојувачка на златен медал во историјата на Зимските олимписки игри.
Одбележување на 14 години од акцијата „Олуја“
13 возачи управувале возило под дејство на алкохол
Наместо со блокатори ЈП „Билјанини Извори“ неплаќањето на паркинг ќе го санкционира со платен налог
ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид наместо со блокатори од 20 јануари, 2020 година неплаќањето на паркинг во А и Б зона како и истекувањето на гребна карта ќе го санкционира со поставување на Платен налог на вашето возило.
Забрана за возилата постари од 4 години во Калкута
Врховниот суд на Индија денеска треба да се произнесе по одлуката на градските власти на Калкута, кои забранија употреба на возила постари од 20 години за да се спречи загадување на воздухот во градот.
Пецаков: Докажавме дека постои надеж и пркос, дека веруваме во себе и во победа за светла иднина
Власта во Охрид доби жестока изборна шлаканица од охриѓани затоа што им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања, кажа денеска на прес конференција Кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков. Тој потенцира дека сите во Охрид недвосмислено ја давале поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и оттаму е победата со голема разлика во првиот круг. Им порача на охриѓани да немаат сомнеж дека по две недели резултатот може да биде поинаков освен победа.