Нова премиера на Охридскиот народен театар
Нова премиера на Охридскиот народен театар. Хотел ни на небо ни на земја, во режија на Љупчо Ѓоргиески е престава каја е метафизичка неизвесност помеѓу сонот и стварноста, помеѓу комичното и трагичното, во потрага по смислата на постоењето и животот. Во преставата учествува повеќебројна актерска екипа, главно сочинета од охридските глумци, но има и надворешни соработници.
Лоша состојба на струшките пешачки патеки
Лоша состојба со двете пешачки патеки во Струга. Стружани сметаат дека локалната власт треба посериозно да се посвети за нивно доуредување, да ги доизгради и осветли, и комплетно да ги среди.
„Магна“ ќе го спасува на „Опел“
Некогашниот американски автогигант „Џенерал Моторс“, канадско-австриската компанија за прозвидство на автомобилски делови „Магна“ и германската Влада рано изутринава постигнаа договор за спас од банкрот на германската автомобилска индустрија „Опел“.
ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО ОХРИД
Екипи на одделението за изградба, одржување и реконструкција на локални патишта и улици при ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на поплочување со бехатонски плочи на крак од улица „Сатеска“, а се нивелираат и шахти на булевар „АСНОМ“.
Сочи под опсада
Сто илјади луѓе во обезбедување на игрите од бомбаши самоубијци. На една недела пред почетокот на олимписките игри во Сочи станува живо.
Можни санкции против Северна Кореја
САД и другите земји членки на Советот за безбедност на ОН почнуваат да разгледуваат предлози за затегнување на меѓународните санкции против Северна Кореја.
Не е вистина дека смртта кај пилотите се покачила за 1.700 отсто поради вакцинирањето
Во објавата се прави манипулација со бројките, односно се презентирани во погрешен контекст и второ неточно се тврди дека причината за смртта на пилотите е вакцинација. Во соопштението од списанието „Air Line Pilot“ велат дека бројките на починати лица кои се наведени дека се случиле во 2019 и 2020 година не се единствените што се случиле тие години, туку дека списанието сега ја добило информацијата за нивната смрт и затоа сега се објавени. Од списанието, исто така, велат дека и во 2019 и во 2020 година починале повеќе пилоти отколку во 2021 година.
СО ЦВЕЌЕ СЕ РАЗУБАВУВААТ КРУЖНИТЕ ТОКОВИ ВО ОХРИД
Екипи на „Паркови и зеленило “ при Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ денес засадуваат цветен саден материјал од зимската реколта на кружните текови во близина на гимназијата и кај Охридска Банка каде хортикултурно се уредува и жардинеријата. Утре со цвеќе ќе се разубавуваат и останатите кружни текови. Се засадуваат цвеќиња од типот viola (очиња ) од сопствено производство.
Американски амбасадор на Косово
Американскиот претседател Барак Обама го именува дипломатот од кариера Кристофер Вилијам Дел за амбасадор на САД на Косово.