Претседателски избори во Германија
Изборниот Конгрес на Германија денеска треба да го избере шефот на државата за наредните пет години.
Започнува бесплатната вакцинација против сезонски грип
Од денес во охридскиот Центар за јавно здравје започнува бесплатната вакцинација против сезонски грип.
Адора инжинеринг: СО КУПЕН СТАН ПОДАРОК ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ
За прв пат во градежната индустрија во Македонија, со купен стан добивате подарок домаќинско осигурување.
Започнува сезоната на ураганите
Американските власти очекуваат меѓу четири и седум урагани во северниот дел на Атлантскиот Океан во сезоната на ураганите, која започнува на 1 јуни и завршува кон крајот на ноември.
ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“ И ПРОФЕСИОНАЛНАТА ГИМНАЗИЈА ПО ТУРИЗАМ ОД ВЕЛИКО ТРНОВО
На покана од Татјана Данчева – директор на Професионалната гимназија по туризам „Д-р Васил Берон“ во Велико Трново – Република Бугарија присуствуваа директорот на ОУТУ „Ванчо Питошески“-Охрид – Марјан Радески и Секретарот Душко Јаковчески.
Охрид и Струга да се нудат во пакет
Охрид и Струга треба да се нудат во пакет и целото крајбрежје од Радожда до Св Наум да биде една поголема дестинација која ќе се промовира пред тур операторите, смета претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески. Во моментов Струга како туристички центар со мал број хотелски капацитети и само 1000 легла е доволно промовиран на туристичкиот пазар, смета претседателот на ХОТАМ.
Започна средбата на врвот ЕУ-Русија
Рускиот претседател Дмитриј Медведев, отворајќи го утрово 23. самит Русија-ЕУ во градот Хабаровск, изјави дека на овој голем собир ќе се разговара за економската криза, соработката во областа на енергетиката и европската безбедносна архитектура.
Ако продолжи мораториумот за градење Охрид ќе стане мртов град, велат бизнисмените
Ова го посочија бизнисмени на денешната средба со претставници на Националната комисија за УНЕСКО и Министерството за животна средина и просторно планирање. Дел од забелешките беа дека моменталните состојби во сферата на урбанизмот во Охрисдкиот регион ги одвраќаат инвеститорите, а беше побарано изградбата на станбени згради и хотели да не се третира исто. Работната средба беше во насока на консултации со сите засегнати страни во процесот на носење на планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.
Енди Мареј им одговори на своите твитераши
Британскиот тенисер Енди Мареј кој овој викенд ќе го предводи националниот тим во натпревар од Дејвис купот против САД во Сан Диего одговараше на прашањата на своите фанови на друштвената мрежа Твитер.