ПРОМОЦИЈА НА ОХРИД КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ВО ИТАЛИЈА
Во неколку туристички списанија и весници и на социјалните мрежи, Охрид се промовира во Италија. Деновиве се објавени повеќе промотивни текстови со кои потенцијалните италијански туристи се запознаваат со културно – историското наследство на Охрид, но и со природните убавини.
Целосно изгоре автобус со патници во Кина
Во пожар во автобус во југо-западна Кина утрово загинаа 24 патници, а 44 се повредени.
54,83 % излезност до 18:30 во Охрид
Според последните податоци од Државната изборна комисија до 18:30 часот, од обработени податоци од 74 од 88 избирачки места на гласање излегле 20 553 охриѓани или 54,83 %.
Јавното претпријатие за Државни патишта го избра изведувачот за реконструкција на ул 15-ти Корпус
Работите се очекува да отпочнат овој месец. За следната година во буџетот на општината се планирани средства за изградба и реконструкција на уште две поголеми градски улици како што се Абас Емин и 7-ми Ноември, но и подорбрување и на патната инфраструктура во остантите делови од градот.
„Блиндираниот“ Обама во посета на Германија
По посетата на Каиро, Барак Обама денеска е во посета на Дрезден.
ИЗГРАДЕН И ВТОРИОТ КРАК ОД ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ОД СААТ КУЛАТА ДО ГОРНА ПОРТА
Деновиве заврши изградбата на пешачката патека во стариот дел на градот, што води од Саат кулата до Горна порта. Должината на патеката е 275 метри, со крак од 114 метри, што ја спојува патеката со улицата “Св. Кирил и Методиј“.
Повеќе туристи, помалку ноќевања во споредба со лани
Позитивен е тренд е порастот и на домашните и странските туристи во споредба со минатата година. Годинава, Македонија е омилена дестинација на турските туристи.
Почнуваат изборите за Европски парламент
Граѓаните на Велика Британија и Холандија денеска ќе излезат на гласање за да ги изберат своите пратеници за Европскиот парламент (ЕП), со што почнува четиридневниот изборен процес за една од најважните институции во ЕУ.
16 денови активизам борба против семејно насилство
По повод 16 денови активизам борба против семејно насилство и насилство врз жени и деца, Женски Центар Бисера одржа дебата на тема „Превенција од Семејно насилство“.