Регистрирани два земјотреси во Афганистан
Најмалку 22 лица загинаа, а 30 се ранети, во два земјотреси, кои рано изутринава го погодија источен Авганистан.
Ученичкиот дом во склоп на Средното стручно општинско училиште „Ванчо Питошески“ работи со полн капацитет
Ученичкиот дом во склоп на Средното стручно општинско училиште „Ванчо Питошески“ работи со полн капацитет. Нуди солидни услови за учениците кои се сместени таму, а трошоците целосно им ги покрива Министерството за образование. Тој е еден од главните адути за привлекување ученици од другите градови на државата.
Пронајдена е црната кутија од паднатиот Airbus 320 на Egypt Air
Неколку минути пред падот уредите откриле чад во авионот
Парламентарни избори во Индија
Во Индија денеска почна првата фаза од парламентарните избори, што се одвиваат во пет фази и ќе траат до 13 мај.
Започна чистењето на речните канали во околинатa на Охрид
Активностите стартуваа со чистење на коритото на Сушица. Планирано е да се работи на расчистување на сите останатите критични точки каде при пообилни врнежи има излевање од коритата.
Решение на повидок?
Точно на еден час претпладне во земјава ќе се одржат два значајни настана. Во Советот на јавни обвинители 12. помошници во новото специјално обвинителство ќе дадат свечена заклетва, а во Клубот на пратениците партиите повторно седнуваат на заедничка маса за реализацијата на договорот од Пржино.
Турците без работа
Невработеноста во Турција во јануари годинава се зголемила на 15,5 проценти, со што оваа земја заедно со Шпанија станува лидер во однос на невработеноста во Европа.
Завод и музеј финансиски ќе ја помага заштитата на неколу приватни објекти во Охрид
Обезбедени се пари за реконструкција на кровните конструкции на куќи кои се под заштита на државата. Меѓу нив е Kуќата на Момирови која е во сопственост на Заводот и ќе sе адaптира во музејски простор.
Струшката библиотека работи со полн капацитет
Струшката градска библиотека работи функционално и во одлични услови. Секоја година го подновува фондот на книги со нови наслови, тврди директорката Слободанка Попоска. Ова доаѓа после забелешките на дел од граѓанските здруженија до кои пак пристигнале укажувања од граѓани, дека лектирите за ученици на албански јазик се слабо застапени во библиотечниот фонд.