Mеѓу загинатите во земјотресот во Италија има четворица Македонци
Стотици лица загинаа во Фоса, во близина на Аквила, престолнина на областа Абруцо во централна Италија, каде синоќа беше регистриран силен земјотрес, објавија италијанските медиуми.
СОУ „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ“ ДОБИ НОВА УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА
Нова училишна спортска сала опремена по највисоки стандарди доби СОУ „Св. Наум Охридски„ од Охрид. Проектот е на Министерството за образование и наука и општина Охрид.
Google претстави сервис за размена на пораки и споделување содржини
Во морето на социјални мрежи прашањето е дали ќе заживее апликацијата на Google
Ужасен епилог на дрaмата Бигемтон
Драмата во американскиот град Бингемтон заврши со смртта на напаѓачот, кој убие 13 лица во имиграцискиот центар и зеде десетици заложници, пренесоа светските агенции.
Македонија ќе добие хеликоптерски итен медицински систем
Владата на Република Северна Македонија ја усвои информацијата за спроведената постапка за избор на најповолна понуда за воспоставување Јавно приватно партнерство (ЈПП) за формирање современа организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Северна Македонија (ХЕМС) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (САР) и ја прифати Предлог-Одлуката за избор на приватен партнер за оваа дејност со САРХЕМС ДООЕЛ Скопје, компанијата која ги задоволи условите на јавниот повик.
МОН го распиша конкурсот за ученички стипендии
Министерството за образование и наука и оваа година доделува стипендии за учениците кои учат во јавните и приватните училишта.
За генерален секретар на НАТО во трка двајца кандидати
НАТО синоќа не успеја да постигне договор за новиот генерален секретар на Алијансата, откако Турција стави забелешки за кандидатурата на данскиот премиер Андрес Фог Расмунсен, наведоа дипломатски извори.
Нов предлог закон за дополнително да се финансира проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид
Владата на РСМ на редовната 161 седница, го утврди новиот Предлог на Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка и донесе заклучок тој да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија согласно член 170 од Деловникот на Собранието.
Калиштани 30 години чекаат асфалт
Триесет години не е инвестирано во патната инфраструктура во Кaлишта струшко, реагираат жителите од оваа туристичка населба. Велат странските туристи се повеќе доаѓаат на кампинг, воодушевени се од местоположбата на Калишта на самиот брег од Охридскот Езеро, но се чудат негрижата на надлежните околу патиштата.