Собранието на РМ да прогласи кризна состојба поради напливот на бегалци, бараат експертите
Само со прогласување на кризна состојба од страна на Собранието, Македонија може да се справи со напливот на бегалци, тврдат експертите. Бегалската криза со која се соочува Европа ги засега сите подеднакво и треба да се изнајде заедничко решение. Таа е во фокусот на конференцијата „Современи безбедносни парадигми и предизвици: теорија и пракса“ која денес и утре ќе се одржува во Охрид.
Гладот закана и во САД
На над 3,5 милиони деца под петгодишна возраст во 26 сојузни држави на САД им се заканува глад, покажа извештај на невладината организација „Фидинг Америка“.
Повторно дефект на ангиографот во охридската специјална болница за кардиоваскуларни заболувања
Пациентите веќе еден месец се препраќаат во Скопје. Менаџментот на болницата веднаш реагирал до ресорното министерството и започната е постапка за набавка на потребните делови. Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, која е втора по големина после скопската, поради обемот на работа има реална потреба од уште еден ангиограф.
Стружани бараат итна дислокација на депонијата
Струшката депонија, канцер за градот, еколошка бомба, грда слика за туристите, закана по здравјето на луѓето, се само дел од коментарите на стружани, но и забелешки на биолозите и еколозите. Последниве два дена оваа депонија повторно се пали а стружани бараат нејзина итна дислокација.
Косово 186-от член на ММФ
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа соопшти дека Република Косово стана неговиот 186-ти член, пренесе Франс прес.
Протест на судската служба пред Основен суд Охрид
Судската служба бара еднаков третман како судиите. Административците во основниот суд во Охрид денес излегоа на протест против, како што рекоа дискриминирачкиот, егоистичен и игнорантски однос кон судската служба од страна на Судскиот буџетски совет. Тие бараат исплата еднакви додатоци на платите како и судиите и формирање посебно тело кое ќе биде одговорно за вработените во судската служба.
Се прават обиди Шумахер да се разбуди од кома
Откако на 29 декември доживеа несреќа при скијање, Михаел Шумахер и понатаму е во кома.
Вакцината против новиот вирус на грип наскоро готова
Aмерикански научник, кој работи на создавањето вакцина против свинскиот грип, изјави дека се надева таа да биде готова за две до три седмици за клинички тестирања врз експериментални глувци.
До 11 часот во Охрид гласале 5 692 граѓани
Во тек е гласањето на локалните избори. Според информациите од Државната изборна комисија, до 11 часот во Охрид од обработени податоци од речиси сите 88 избирачки места гласале 5 692 граѓани од запишаните 52 477 избирачи.