Финансиската одржливост главен проблем на граѓанските организации
Граѓанските организации во помалите градови функционираат на волонтерска основа и без пристап до високи фондови на финансирање. Со цел зајакнување на нивните капацитети Македонскиот центар за меѓународна соработка спроведува проектГраѓански ресурсен центар, финансиран од ЕУ. Денеска во рамки на проектот, се одржа отворен ден со граѓански организации од Охрид.
Усвоена резолуцијата за религија
Советот на ООН за човекови права ја усвои контроверзната резолуција за заштита на религијата што ја предложија муслиманските држави, на што се противат западните држави.
Усвоен ребалансот на општинскиот буџет
Со ваквата одлука на советниците заврши агонијата на ОУ Григор Прличев кое со години работеше со блокирана сметка. Опозицијата не даде зелено светло за измена на буџетот. Упатија забелешки на начинот на буџетирање, а дадоа поддршка само за измена на три програми, за спорт, јавна чистота и фудбалскиот клуб Охрид.
Од денес на сила забраната за пловидба на скутери и чамци во водите на природните езера
Согласно Законот за пловидба на скутери и чамци во водите на природните езера во Македонија, од 1 јули стапува на сила забраната за ограничено движење. Имено ограниченото движење ќе биде во периодот од 11 до 19 часот низ водите на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, за скутери.
Напад врз салон за автомобили во Атина
Непознати лица нападнаа со „молотови коктели“ еден салон за продажба на автомобили во Атина, притоа потпалувајќи неколку возила, но нема настрадани, соопшти денеска грчката полиција.
Oхридски Комуналец стартува со платформата за електронска наплата
Ј.П.„Охридски Комуналец“ започна со Е-наплата на сметките за услугата: подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад.
Победничката песна на Евровизија донесе низа контроверзи
“Вистината која ја говори оваа песна ќе допре до луѓето”
Силен земјотрес во Јапонија
Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска беше регистриран крај бреговите на Јапонија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
„Power to the People“
Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. ве канат на завршен настан во рамки на проектот Power to the People, финансиски поддржан од Фондацијата Хајнрих Бел.