Георгиески посети повеќе локации каде што се гради
Посети училишни објекти и улици на кои се изведуваат реконструкции. Градоначалникот ги најави проектите кои ќе се изведуваат следната година како што е изградбата на катната гаража.
„Форд“ ќе ги намали капацитетите во Европа
Американскиот производител на автомобили Форд соопшти дека ќе ги намали своите капацитети и трошоци во Европа поради слабата побарувачка на пазарот на автомобили.
Донев : Поддржете не, заедно со вас ќе се избориме за нашиот град
Во оваа борба за Охрид, наш сојузник сте вие. Ви ветуваме нема да има договори и преговори, нема да има непринципиелни коалиции, изјави носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, Сашо Донев.
Родители гневни на тоа како се отстранува азбесниот кров на ОУ „Христо Узунов“
Загрижени родители за здравјето на своите деца кои посетуваат настава во ОУ „Христо Узунов“ реагираат за начинот на кој се изведува реконструкциајта на кровот на училишната зграда. Велат дека замената на азбестните плочи се врши без запазување на минимум стандарди. Од Локалната велат дека реконструкцијата ја следеле службите од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и дека изведувачот бил опоменат да се придржува до прописите.
Пресуда за Краишник
Меѓународниот суд во Хаг треба да ја објави денеска пресудата за поранешниот претседател на парламентот на Република Српска, Момчило Краишник.
Угостителско-туристичкото училиште Ванчо Питошески го одбележа патрониот празник
Учениците од стручното угостителско училиште во текот на постоењето постојано бележат успеси, а доказ за тоа се бројните добиени награди од меѓународните натпревари по гастрономија. Грижа се води и за подобрување на работните услови во школото и ученичкиот дом.
Од 1 јули до 31 август забрана за тешки товарни возила
Од 1 јули до 31 август се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони, за викенд и кога е многу топло.
Почна судењето на Фрицел
Почна судскиот процес против Јозеф Фрицл, Австриецот обвинет дека 24 години ја држел затворена својата ќерка во подрум и со неа имал седум деца.
Македонија доби 17. шампиони во поединечна конкуренција на државното првенство за 2019 година
Викендов во Охрид во салата „Билјанини Извори“ се одржа 26. државно поединечно првенство во бокс за деца, кадети, јуниори и сениори.