Отворен Саем на книгата во НУ „Григор Прличев“
Во Националната установа, библиотека „Григор Прличев“ отворен е Саем на книгата. Првиот ден мина во знакот на посетители, ученици од средните училишта во Охрид. ЗА зал младите се помалку читаат. Верни на пишаниот збор остануваат оние од повозрасните генерации.
„Пржино“ преживеа, Македонија доби преодна влада
Партиите потписнички на Договорот од 2 јуни познат како договорот од Пржино по долги и мачни преговори рано утринава успеаја да се договорат за законоте за влада, законот за дојавувачи на корупција, како и законот за заштита на приватноста кој што се однесува на објавувањето на материјалите поврзани со таканаречените „бомби“.
Националистите победија во северен Кипар
Парламентарните избори во Турската република Северен Кипар донесоа значителна победа за десничарската партија Национална унија, која претпочита поблиски врски со Турција наместо членство во Европската унија.
Мал е одзивот за почитување на законската регулатива од Законот за вршење на занаетчиски дејности
Само една третина од занаетчите имаат дозвола за работа и 13 вршители на дејност. Останатите работат на диво, вели претседателот на Занаетчиската комора на Охрид.
Месните заедници во Струга, пасивни
Струшките месни заедници во моментов се пасивни. Потребно е градење на капацитети, информации, насоки, обуки за да се вклучат во целосната работа на општината, сметаат од центарот на заедниците на општина Струга.
Дванаесетмина загинати во експлозија во рудник во Иран
Дванаесет лица загинаа денеска во експлозија на метан во рудник за камен јаглен во Иран.
Нема податоци колкав е бројот и против кого се води постапка за загдување на животната средина
Засега само случајот со велешка Топилница е познат процес добиен во полза на јавноста. Од граѓанското здружение Флоразон кажувaaт дека таква анализа се работи и се очекува да биде објавена до крајот на оваа година.
Прва грен слем титула за Станислас Вавринка
Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка е победник на Грен слем „Австралија Опен“ откако денеска со 3:1 го совлада првиот носител на турнирот Рафаел Надал од Шпанија.
Тачи во посета на Словенија
Односите “меѓу двете држави“ се многу добри, а Косово се подготвува да отвори амбасада во Љубљана.