Шведската фабрика за автомобили „Сааб“ пред стечај
Шведската Влада сосема ја исклучува можноста да ја откупи фабриката за автомобили „Сааб“, која ја потресува криза, од американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“.
Земјоделците од регионов да соработуваат и да ги следат европските примери
Од форумот „Одржливо земјоделие и руралниот развој за забрзување на ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан” упатена е порака до земјоделците во регионот да го синхронизираат регионалниот за да имаат полесна конкурентност на европскиот пазар. Во таа насока Македонија е лидер во регионот во користење на пари од европските фондови од Ипард програмата. Со соседна Србија потпишала неколку спогодби со кои се признаваат фитосертфикати и други олеснителни процедури во земјоделието, а ќе следуваат поврзувања и со другите земји од регионот.
Струга пример за соживот
Соживотот во Струга стои на цврсти нозе. Гледано од призма на невладиниот сектор и покрај тоа што општината важи за кревко подрачје место за конфликт нема. Од влашката заедница сметаат дека соживотот се повеќе ги сплотува стружани, додека пак албанските аналитичари од Струга сметаат дека политичката ситуација во Македонија е заострена поради политичките струења а не поради меѓуетнички омрази.
Бројот на видео-камерите по улиците во Франција ќе се зголеми тројно
Бројот на видео-камерите по патиштата во Франција ќе се зголеми тројно до крајот на годината, изјави министерот за внатрешни работи Мишел Алио-Мари во интервју за Франс соар.
Реакција на Општина Охрид во врска состојбата на детските игралишта
„Со ширењето на Вашите лажни обвинувања ни давате можност да ја запознаеме целата јавност, каде се реконструирани детски игралишта на територијата на Општина Охрид“, се вели во реакцијата на Општина Охрид.
Николче Новески е македонскиот фудбалер на годината
На гала свеченост во хотелот Александар Палас, ФФМ синоќа ги подели наградите за најдобрите во 2013 година.
Чавес ја доби поддршката од граѓаните на вчерашниот референдум
Венецуелскиот претседател Уго Чавес на референдумот што вчера се одржа во земјата ја добри поддршката на граѓаните, со која му се овозможува на власт да остане се додека победува на изборите.
Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил
Расте бројот на жртвите од поплавите во Бразил, а илјадници луѓе се евакуирани.
ПОТПИШАНА Е ПОВЕЛБА ЗА ЗБРАТИМУВАЊЕ НА ОЕМУЦ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“-ОХРИД И „ТЕХНИЧКА ШКОЛА“-ВАЉЕВО
На покана од директорот на „Техничка Школа“ – Ваљево , Бранко Голоскоковиќ, а по повод патрониот празник на училиштето на 05.10.2019 година, присуствуваше делегација од ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид предводена од директорот Сашо Недески.