10-годишно дете пронашло пропуст на Instagram и е наградено со 10.000 долари
“Можев да избришам кого сакам, дури и Justin Bieber”
Службеник на ОН призна дека поседувал детска порнографија
Службеник на ОН призна дека е виновен за поседување на детска порнографија, јавија светските медиуми.
Сопствениците на приватни рибници ќе добијат финансиска поддршка од државата
Зa зголемување на производството на риба,за приватните рибници ресорното министерство предвиде финансирање на неколку пилот проекти. Финансиите се обезбедени од Националната програма. Во Охрид се регистрирани два рибници, а во соседна Струга 18.
Македонија го слави 11 октомври
Македонија го слави 11 октомври, денот на антифашистичкото востание.
Три лица починаа од студ во Србија
Две лица починале во својот дом во село во близина на Пожаревац, 70 километри југоисточно од Белград, а еден човек бил најден починат од смрзнување во едно од предградијата на Белград.
„Покров на Пресвета Богородица и Св. Јован Кукузел“
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 14. октомври (понеделник), во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција на Плаошник – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св. Јован Кукузел“ во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
Приведени тројца кичевчани за насилство
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дел „насилство“ полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ц.(31) Е.Ц.(24) и Е.З.(25) сите од Кичево.
Романија ќе бара заем од ММФ
Гувернерот на Националната банка на Романија, Мугур Исареску изјави дека е можно неговата земја да склучи нов стенд-бај договор за заем од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Алтернативна тура „Најубавиот поглед на Охридско езеро“
Сакате ли да го видите Охрид од висина и да го доживеете најубавото зајдисонце движејќи се по Галичица? “ТреккМе Охрид” во рамки на проектот „Капацитет и иновација на туристичките услуги за одржлив локален економски развој – Нов пристап преку развој на алтернативни туристички атракции“, имплементиран од FINANCE THINK – Институт за економски истражувања и политики, Скопје, во партнерство со Универзитет Американ Колеџ Скопје ќе реализира една од 12 тури за алтернативен туризам насловена како „Најубавиот поглед на Охридско езеро“, утре ,11-ти октомври.