Skip to main content
Дек 24, 2013

Раководството на Тотенхем го назначи Тим Шервуд за менаџер на екипата , функција која ќе ја врши до крајот на сезоната 2014/15.


Фев 7, 2009

Југоистокот на Австралија е зафатен од низа пожари со кои се борат десетици илјади пожарникари, додека екстремно високите температури не стивнуваат.


Дек 16, 2021

Окружниот суд во Софија денеска го осуди 34-годишниот С.Б. на 4 месеци условна затворска казна, која ќе биде ефективна доколку стори друго кривично дело во рок од три години, поради објавени недолични коментари за несреќата на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија.


Окт 4, 2019

  Имаат можност да патуваат, учат нови јазици и култури. Младите луѓе од  регионов  добиваат можност да направат нешто ново, да научат бизнис модели за да останат дома, а не да заминуваат.


Фев 7, 2009

Италијанскиот председател, Џорџо Наполитано одби да потпише итен закон донесен од владата, за прекин на доводот на храна на Елуана, жена која 17 години е во вегетативна состојба,а чие семејство по судски пат се избори за правото на нејзината смрт.


Окт 14, 2021

Ќе продолжам со инвестирање во инфраструктурата со акцент на изградба на канализациона мрежа и подобрување на водоснабдувањето, вели независниот кандидат за градоначалник на Дебрца, Зоран Ногачески. Останувам посветен на подобрување на условите во образованието, спортот, развој на руралниот туризам и заштита и одржливо користење на природата на Дебрца, вели Ногачески.


Окт 4, 2019

Ова е знак дека се зголемува бизнис климата во земјава, напоменува директорот на Републичкиот Централен регистер на денешниот отворен ден за средба со граѓаните.  Според нивната статистика  досега во Охрид се регистрирале над 430 субјекти, а се избришани 164 од различни причини за престанок со работа. 


Фев 6, 2009

Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржа клучните каматни стапки на постоечките два отсто, додека британската централна банка Bank of England (БоЕ) ги намали на рекордно ниски еден отсто.


Окт 4, 2019

Попладнево, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“  пристигна државниот секретар на САД Мајк Помпео, кој ќе престојува во официјална посета на нашата земја.