Skip to main content
Фев 4, 2009

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган потврди дека неговата земја целосно го отфрла антисемитизмот.


Дек 15, 2021

Наводниот цитат од Мулис, кој го измислил ПЦР методот во 1985 година, а потоа добил Нобелова награда за хемија во 1993 година, не е негов. Тврдењето е земено од текст напишан од Џон Лауритсен во декември 1996 година за ХИВ и СИДА, а не за ковид-19. Лауритсен не вели дека ПЦР тестовите не функционираат, туку појаснува дека идентификуваат супстанци квалитативно, а не квантитативно. Наспроти тврдењето во постот, молекуларните дијагностички тестови, како што е ПЦР тестот,  се златен стандард како метод за идентификување активна вирусна инфекција, како што е Сарс Ков 2, во респираторниот тракт.


Окт 4, 2019

Во рамки на студиската посета на проектот „Зајакнување на малцинствата”, како дел од Еразмус плус програмата, 38 учесници ќе го посетат градот Охрид.


Фев 3, 2009

Иран за првпат лансира сателит во орбитата од сопствено производство.


Окт 14, 2021

Дебрца ќе го направиме пријатно место за живеење за да не се случува миграција село-град, вели Игор Крцоски, кандидат за градоначалник на Дебрца од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Имаме развојна програма со проекти за подобрување на сите сфери со акцент на инфраструктурата. Наменски ќе ги трошиме народните пари, ветува Крцоски.


Окт 3, 2019

Портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски, на денес одржаната прес конференција ги обвини владата и градоначалникот дека не се посветени на зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО.


Фев 3, 2009

Чешка, претседавач со Европската унија (ЕУ), ќе се насочи кон решавање на глобалната економска криза, најави синоќа чешкиот премиер Мирек Тополанек.


Окт 3, 2019

Намерата на ЈП Билјанини извори е овој спортско-хуманитарен  настан кој почна минатата година да прерасне во  7 -мо Ноемвриски турнир. Нагласуваат дека постојан работат на промовирање на сопствените капацитети, како и на туристичките можности  на градот. За привлекување на  странски тим билдинг компании, како и на спортските екипи посебно за зимските подготовки потребно е да се уреди уште еден фудбалски терен во рамките на спортскиот центар. 


Јун 14, 2016

Со филмот „Патот за Истанбул“, во режија на Рашид Бушареб, утревечер свечено ќе биде отворено овогодинешното деветто  издание на францускиот филмски фестивал што се одржува во Скопје и Охрид.