Утрово најстудено на Попова Шапка, со снежна покривка од 23 сантиметри
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утрово се измерени – 4 степени на Попова Шапка, -3 е во Маврови Анови и Лазарополе, -2 во Берово, 0 во Крушево, Дебар, 1 во Крива Паланка, 2 во Куманово, Тетово, Струмица и Виница, 3 во Скопје-Петровец, Штип, Битола и Прилеп, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Гевгелија и Демир Капија, како и 6 степени во Дојран.
Есма Ќазим е млада модна дизајнерка која го живее својот сон
Со своите вешти раце и со голема љубов дава максимум од себе при создавањето креации. Посебно пленуваат креациите со вез врз кои Ќазим дава свој белег. Во своето модно ателје ги очекува сите кои сакаат уникатна и квалитетна облека.
Војна против голем мексикански нарко картел
Повеќе од 750 членови на мексиканси нарко картел биле уапсени во операција на полицијата во САД, Мексико и Канада, која траела 21 месец.
„Сопружници“ вечерва на репертоарот на охридскиот театар
Театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска вечерва повторно ќе се одигра пред охридската публика.
Фекалии на неколку метри од храна
Дефект на канализациона шахта од која се излеваа фекалии го блокира пристапот до градскиот пазар од страната на булавар „Туристичка“. Екипи од „Нискоградба“ денеска работеа на санација на проблемот кој настана пред повеќе од една недела. Само на два метри подолу на гајби пред пазарот се продава храна, а Од Општинскиот инспекторат никој не дојде да види, а камо ли да преземе некакви мерки за да ги заштити купувачите од можните последици.
Девет загинати во несреќата на авионот на Туркиш Ерлајнс
Девет патници загинаа, а повеќе од 50 се повредени кога авион на турската компанија Туркиш Ерлајнс со 135 патници денеска при слетувањето на аеродромот во Амстердам се скршил на три дела.
Триесет и трета акција на „Чист Охрид“
Десетина активисти викендов во Охрид собраа 15 вреќи ѓубре, габаритен отпад, како и остатоци од 2 педалинки, вакви се резултатите од триесет и третата акција на Чист Охрид, инспирирана од иницијативата за Национална акција на #НеБидиЃубре.
Се е подготвено за годинешното издание на „Балкански фестивал“
Годинешеното издание на балканскиот фестивал на народни песни и игри, ќе се одржи од 7-ми до 10-јули на летната сцена Долни сарај.
Воен бунт во Бангладеш
Најмалку едно лице е убиено, а осум други се ранети денеска, кога група незадоволни припадници на граничните сили на Бангладеш, отвориле оган од кругот на касарната каде е сместена командата на овој род на бангладешката Армија.