Воен бунт во Бангладеш
Најмалку едно лице е убиено, а осум други се ранети денеска, кога група незадоволни припадници на граничните сили на Бангладеш, отвориле оган од кругот на касарната каде е сместена командата на овој род на бангладешката Армија.
Treck me организираа промотивна рекреaтивна тура низ Галичица
Средно тешката пешачка тура во должина од 9 км се одвиваше на потегот на планинските села Горно Коњско, Шипокно и Велестово. Прошетката по патеката со прекрасен видик кон езерото траеше три часа, а турата е дел од Проектот за локален и економски развој на Југозападниот регион поддржан од Светска банка.
Крај за една од највредните банкноти
Одлуката е донесена за поефикасна борба против финансирање на тероризмот
Обама за 19 месеци ќе ја повлече војската од Ирак
САД планираат да ја повлечат војската од Ирак до август 2010 година – 19 месеца по стапувањето на должност на Барак Обама според претставници на американската администрација кои побарале анонимност.
Црквите лесен плен на крадците
Црквите се уште се без видео надзори, без чувари, без алармни уред поради што претставуваат лесен плен за крадците. Експертите сметаат дека се потребни системски промени и посторга законска регулатива. Според нив главен виновник за пустошењето на вредното културно историско црковно наследство е државата.
Изборниот законик, камен на сопнување
Партиските работни групи денеска треба заеднички да ги продолжат преговорите со европскиот медијатор Питер Ванхауте.
Северна Кореја најавува лансирање на сателит
Северна Кореја синоќа соопшти дека се подготвува да лансира сателит, што аналитичарите го оценуваат како најава за нејзино пробно лансирање на ракета со најголем домет досега.
Започна Меѓународниот гастрономски натпревар „Гастро Мак” чиј домаќин е Охрид
Триста мастер шефови и готвачи од триесетина земји ширумс ветот ќе разменуваат искуства и меѓусебно ќе ги запознаваат своите традиционални јадења. Годинешен претседател на судскиот тим е славниот хрватски готвач Стево Карапанџа.
Општина по мерка на граѓаните
Стружани сакаат враќање на затворениот базен, обнова на дрвениот мост на љубовта, дислокација на неколку паркинзи кои се во катастрофална состојба, обнова на старата училишна зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“ и многу други работи со цел да се подобри општинското живеење. Центарот на заедницата се обидува нивните забелешки да ги пренесе до надлежната локална власт како би се пронашло решение за нивно надминување.