Skip to main content
Авг 6, 2015

Во тек е голема антитерористичка акција на Министерството за внатрешни работи насочена против припадници на џихадистичката организација Исламска држава во земјава, како и против лица кои учествувале во врбување македонски државјани за учество во паравоени формации.


Ное 26, 2008

Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за планот на генералниот секретар Бан Ки-мун за реконфигурација на меѓународната цивилна мисија на Косово.


Сеп 10, 2019

Ќе се набави возило и медицинска опрема, а ќе се изготви веб платформа. Во неа ќе има информации за здравствена состојба на граѓаните, а ќе ја имаат давателите на медицински улуги. Станува збор за проектот Cross4all од Ипа програмата за прекугранична соработка на земјава и Грција.


Апр 3, 2015

Поголем број од најавените аранжмани се однесуваат за периодот на православниот Велигден. Менаџментот на хотелот Дрим од Струга годинава очекува добра сезона,  и гости од Словенија, Данска, Турција, Холандија, Австрија, Израел.


Ное 25, 2008

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтер денеска е регистриран во близина на островите Кермадек, северно од Нов Зеланд, соопшти Геофизичкиот институт на САД.


Сеп 10, 2019

ОУ Св. „Климент Охридски“ е целосно подготвено да ги примени насоките дадени од Министерството за образование и наука како училиштата во кои има деца со посебни образовни потреби да ги организираат паралелките. Се чека да дојде специјална Комисија од МОН која ќе даде препораки  кои деца ќе одат во редовна настава, а кои ќе останат во посебните образовни паралелки.


Ное 22, 2013

Светскиот снукер шампион, Рони (Ракетата) О’Саливен тврди дека снукерот му сметал во пијанчењето и дрогирањето и едвај чекал да завршат првенствата за да може да се направи „крш”.


Ное 25, 2008

Цената на нафтата се искачи на речиси 55 долари за барел по најавите дека земјите членки на ОПЕК ќе го намалат производството.


Јан 21, 2022

Не е вистина дека во Германија завршила пандемијата со коронавирусот. Напротив, земјата се соочува со рекордни бројки на новозаразени, што е закана за нејзиниот здравствен систем. Тоа го покажува епидемиолошката состојба во земјата, рекордниот број на новозаразени со омикрон во Германија во периодот пред и по 14 јануари 2022 година, препораките за вакцинација со трета доза за младите, а се воведиваат и порестриктивни мерки за  влез на странски посетители кои не се вакцинирани или прележани.