НАЈМЛАДИТЕ ЈА ПРЕНЕСОА ПОРАКАТА ЗА БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ
Со соодветни транспаренти во рака дечињата згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, продефилираа низ централните градски улици и кејот и се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност.
„Бомбата“ Наваро, ја постигна 1000-та тројка
Хуан Карлос Наваро уште еднаш покажа дека е легенда на шпанската, но и на светската кошарка.
Демонстрации во Шпанија и Италија како резултат на немирите во Грција
Демонстрации во Мадрид и Барселона организирани против убиството на тинејџер во Атина во саботата, прераснаа синоќа во судири со шпанската полиција при што неколку полицајци беа повредени и 11 демонстранти беа уапсени.
Јавна расправа по Нацрт закон за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општинa Охрид, организира јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата.
ИНТЕНЗИВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „АСНОМ“
Деновиве интезивно се изведуваат градежни активности од првата фаза за реконструкција на улицата „АСНОМ“.
Авиокомпаните со загуба од 5 милијарди долари оваа година
Светските авиокомпании, се очекува да имаат загуби од пет милијарди долари за 2008. година и 2,5 милијарди долари за 2009. година.
Божиновски : Гарантираме изградба на нова современа градинка и реконструкција на постоечките
Децата имаат право на простор во кој ќе играат, спортуваат, ќе развиваат здрави навики и ќе уживаат во безгрижно детство. Затоа гарантираме изградба на нова градинка и на детски и мултифункционални спортски игралишта, кажа кандидатот за советник од Вмро Дпмне и Коалицијата, Перчо Божиновски.
Охридскиот актер Стрезо Стаматоски добитник на две значајни театарски награди
За два дена актерот е добитник на поединечна и колективна награда со Охридскиот народен театар од два фестивалски настани. Наградата за најдобар актер ја доби за претставата „Каде е пиштолот“ на Фестивалот „Гола Месечина“ од Театар Комедија од Скопје. Другата награда од Струмица на Фестивалот „Ристо Шишков“ каде што заедно со актерите од Охридскиот театар беа прогласени за најдобри во инвентивна актерска игра за преставата „Стаклена менажерија“. Театарот е колективна уметност и наградата е за целиот тим, напоменува скромно Стаматоски.
Околу 830 илјади деца во светот годишно се жртви на несреќи
Околу 830 илјади деца во светот годишно стануваат жртви на несреќни случаи, се предупредува во извештај изработен од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.
Според истражувањето главна причина за смртните случаи кај децата на возраст од 0 до 19 години се несреќите.