СЈО ќе го „работи“, „Скопје 2014“
Четирите предмети кои Специјалното јавно обвинителство ги побарало од општина Центар се поврзани со изградбата на спомениците: Воин на коњ (Александар Македонски), Воин ( Филип Втори), Цар Самоил и споменикот на Методија Андонов Ченто, дознава НОВА. Овие споменици се дел од мегаломанскиот проект Скопје 2014 кој досега се потрошени над 600 милиони евра, објавува НоваТВ.
Скопјаните Мирчевски и Костадиноска победници на Илинденскиот пливачки маратон
Најдобар резултат од охридските пливачи имаше Предраг Мургоски кој во генералниот пласман го зазеде 5-тото место. Од идната година оваа маратонска патека ќе го носи името на Нико Нестор, информираат од ПК „Охридски бранови“ организатори на пливачкиот маратон.
Спречен нов терористички напад во Франција
Во стан на џихадист пронајден е голем арсенал оружје
116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ
Денеска се навршуваат 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ што се одржа во манастирот Прохор Пчињски, на кое беа поставени темелите на современата македонска држава.
Од утре се полага државната матура
Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат од утре до 19 јуни.
МЈП „Поаква“ од Охрид во претстојниот период ќе пристапи кон инфраструктурни зафати вредни повеќе од 23 милиони денари
Ќе се менуваат пумпите кај Метропол, Трпејца и Љубаништа, а треба да се реализира и проект за регулација на протокот и притисокот во водоснабдителниот систем и поставување на контролни шахти на териотријата на Општина Охрид.
Стружанец искасан од кучиња скитници
Стружанец нападнат од кучиња скитници. Драган Пејоски едвај спасил жива глава од чопор агресивни бездомни кучиња. Тој се здоби со повреди на екстремитетите кои му биле санирани во општата болница во Охрид. За тоа колку крвнички бил нападнат зборува негов сограѓанин очевидец. Струга и Охрид вријат од кучиња скитници а ветувањата за регионален стационар никако да се реализираат.
„WizzAir“ од денес лета од Меминген до аеродромот во Охрид
Од денес стартува новата авиолинија на WizzAir од Меминген до Охрид.
Кошаркарот кој незнае да плива
„Велат се се учи додека си жив“. Една интересна приказна (сторија) ни доаѓа од НБА тимот, Бостон Селтикс, а е поврзана со нивниот член Брендон Бас.