Балканските и светските медиуми ја објавија веста за вчерашната авионска несреќа
Голем број балкански и светски медиуми, вчера беше објавена веста за авионската несреќа која се случи во близина на Охрид.
Локалната самоуправа и ЈП ќе постапуваат по препораките на Државната комисија за спречување на корупција
Државната комисија за спречување на корупција утврдила судир на интереси со тендерите кои ги добила фирма блискa до советникот Нефи Усеини. Одделението за јавни набавки при Локалната чека мислење од Бирото за јавни набавки за тендерот за реконструкција на кровната конструкција на 4 општински основни училишта. ЈП почнале постапки за раскинување на договорите.
Уапсениот терорист Salah Abdeslam признал зошто не се разнел во Париз
Abdeslam е уапсен четири дена пред терористичките напади во Брисел
Барак Обама официјално ја прифати номинацијата за претседателски кандидат
Сенаторот од Илионис Барак Обама синоќа официјално ја прифати номинацијата за претседателски кандидат на Демократската партија на ноемвриските претседателски избори во САД.
Општина Охрид ќе го дигитализира и промовира културното наследство
Со средства од ЕУ Општина Охрид ќе го дигитализира и промовира културното наследство. Преку проектот “Интер-регионално управување со културното наследство“, а со примена на иновативен електронски систем за дигитализација на наследството ќе се направи обид да се дигитализира и промовира културното богатство на општините Охрид, Ѓирокастро, Самос и Крф.
Високи температури и жолта алертна фаза во Македонија
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека станува збор за температури до 37 степени
Милибанд прoтив нова „студена војна“
Еден ден по руското признавање на независноста на отцепените грузиски области Абхазија и Јужна Осетија, западни земји ја предупредија Русија да не се враќа во ерата на „студената војна”.
450 метри кубни отпад дневно собира ЈП Охридски комуналец во шпицот на сезоната
Покрај тековните активности околу подигувањето на сметот и одржувањето на јавната чистота и зеленило, ЈП Охридски комуналец во шпицот на сезоната се справуваа и со мега концертите во поранешната касарна и на стадионот „Билјанини Извори„.Голем проблем создаваат и групите од млади луѓе кои се забавуваат на мини-плоштади, дворови од образовни институции, на тревниците во градскиот парк и уште на многу други локации низ градот, притоа оставајќи ја зад себе сета своја комунална некултура.
Зимско село и ски центар на Јабланица во Вевчани
На планината Јабланица каде што треба да биде изграден вевчанскиот ски центар, планирано е да никне и зимско село со дрвени куќарки за сместување на гости. Годинава општина Вевчани очекува зелено светло за изработка на мастер план за ски центарот и отпочнување преговори со идните инвеститори.