Skip to main content
Мар 25, 2016

Пакетот до неодамна чинеше 499 долари, а Google сега го нуди бесплатно


Јул 17, 2019

Проектот, вреден 340.000 евра, е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.


Мај 27, 2015

Министерството за образование и наука информира дека распоредите за екстерното тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование се објавени на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.


Јул 17, 2019

Владата на последната седница ги задолжи сите органи на државната управа на своите интернет страници, да објават линкови од објавените годишни планови за јавни набавки. Владата оваа постапка за транспарентност на јавните набавки им ја препорачува и на единиците на локалната самоуправа.


Дек 26, 2014

Отстранувањето на традиционалните елементи во Струга е најлошото нешто што може да се случи во една општина како што е тоа градот на мостовите. Дрвениот мост беше дел од таа приказна со несреќен крај, кој пропадна поради недоволна грижа на минатата власт. Ова беше кажано на денешната трибина во Струга посветена на некогашниот мост кој се наоѓа меѓу централниот и оној на поезијата. Градоначалникот Зијадин Села оптимист, верува дека до крај на неговиот мандат ќе изгради нов мост.


Јул 16, 2019

Советникот од ДУИ Нефи Усеини изгради дивоградба на државно земјиште  во заштитено градско јадро и никој од општината не го сопре. Сега истиот тој дрско се пријави на тендерот за рушење дивоградби, обвинија денеска од ВМРО ДПМНЕ. Портпаролот Стоилковски се осврна и на носењето на Законот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.


Сеп 17, 2013

По пауза од неколку месеци, фудбалските фанови од денеска ќе можат да уживаат и во новата сезона од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.


Дек 14, 2021

Наспроти невистините што ги шири оваа објава на Фејсбук, во Африка не само што има утврдено присуство на коронавирусот, туку од ковид-19, според податоците од СЗО,  досега заболеле 6. 564.819 милиони луѓе, а починале 153.808 лица. Официјалните податоци покажуваат дека процентот на вакцинирани во Африка е многу низок и изнесува 7,3 отсто и таму досега целосно се вакцинирани околу 101 милион луѓе. Новата варијанта на коронавирусот – омикрон, беше пријавена до СЗО на 24 ноември, а за првпат беше откриена кај примероците собрани на 11 ноември во Боцвана. Европскиот центар за превенција и контрола на болести објави дека до 11 декември, во Европа се пријавени вкупно 766 потврдени случаи на  омикрон.


Јул 16, 2019

Антикорупциска денеска со укажување дека фирмата НЕФИ ИК на советникот Усеини или во сопственост на негови блиски лица не смее да добива тендери од Општина Охрид. Од локалната не потврдуваат дали една од двете фирми кои се пријавиле на тендерот за рушење дивоградбии е на советникот од ДУИ. Но доколку на електронската аукција го добие тендерот договорот ќе биде ништовен, велат од антикорупциска.