Од денес во стариот дел на градот се вози по нов режим на сообраќај
Од денес започна да функционира новиот систем за електронско евидентирење на движењето на моторните возила во Стариот дел од градот, кој е прилично изменет во однос на ланскиот. Останува да видиме како ќе се спроведува и дали конечно ова лето стариот дел на градот ќе се растерети од прекумерен сообраќај кој создаваше метеж и нервози.
Шефицата на СЈО поднесе неотповиклива оставка
Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник.
Синдикатот на одбраната и безбедноста на протест во сабота
Синдикатот на одбраната и безбедноста најави дека во сабота ќе протестира поради неисполнување на нивните барања за зголемување на платите за 20 проценти и изедначување на висината на дневницата со припадниците на полицијата.
Второ издание на „Beach Film Festival“
Од 18-ти до 21-ви јули, на плажата „Оревче“ во Охрид ќе се одржи второто издание на Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival.
ИСИС тренирал најмалку 400 лица за напади во Европа
Џихадистите се тренирани во упориштето на Исламска држава, а сега се во Европа
Со новиот објект „ИТ кафе“ се збогатува охридската угостителска понуда
Станува збор за угостителски објект со единствен ентериер и местоположба. Посетителите ќе имаат можност да го пијат најдоброто кафе, да консумираат најквалитетна храна, а сето тоа пропратено со избрана музика.
Трета лидерска средба
Денеска за трет пат ќе се сретнат лидерите на четирите најголеми политички партии на, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, со присуство на амбасадорите на САД и ЕУ во земјава, Џес Бејли и Аиво Орав.
Викендов во Охрид започна летната школа за унапредување на бизнисот
Викендов во Конгресниот Центар во Охрид започна деветтата меѓународна летна школка, “Направи разлика, унапреди го бизнисот и помести ги границите со помош на дигиталните технологии“.
Стружанец заработи кривична за тргување со оружје
Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Д.У.(26) од с. Корошишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.