Вонредни избори за помалку од година дена
Избори ќе бидат спроведени најдоцна до април идната година.
Божиноски: „Европски“ Охрид треба да има нула отпад
Божиноски: „Европски“ Охрид треба да има нула отпад.
Премрзната жена извлечена од плевна во струшкото село Заграчани
До неа стигнал медицинскиот тим на брзата помош при Здравствен дом Струга, сосема случајно при реализација на посети од рурален доктор во ова село. Во моментов жената и покрај смрзнатините од трет степен на екстремитетите е во стабилна состојба и се наоѓа во Специјалната болница Св Еразмо.
Големa материјална штета претрпе опожарениот струшкиот ЕК Снегар
Засега е непозната причината за пожарот кој предизвика голема материјална штета на еден од најстарите градски клубови. Останаа само бетонските ѕидови, а до клубот за помош пристигнаа и првите пораки од љубителите на водените спортови.
Најдобриот европски кошаркар на сите времиња е Дражен Петровиќ
Во изборот на кошаркари од Европа, Дражен Петровиќ е избран за најдобар кошаркар во Европа на сите времиња.
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2021 година.
Одобрени проекти од програмата за рамномерен регионален развој и за Општина Дебрца
Градоначалникот Ногачески заедно со Директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи потпишаа два договори со кои општина Дебрца обезбеди средства за изградба на водоводна мрежа за Сл. Чифлик од Програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за уредување на улица во село Оровник, од Програмата за развој на села.
Сообраќајна несреќа кај Годивје
На 09.10.2021 во 10.20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, на спојката со локалниот пат за селото Годивје, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорд”, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(48) од Кичево и патничко возило „опел мерива”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(62) од Скопје.
Никнува ли нова депонија, овој пат на дното на Охридското Езеро?
Неодамна нуркачите од нуркачкиот центар „Акватек“ од водите на Охридското Езеро извадија када, што впрочем беше само дел од пообемното количество градежен шут кој несовесни граѓани го фрлиле во водите на езерото.