Питачењето е сериозен проблем во туристички Охрид и Струга
Питачењето за време на летната сезона е сериозен проблем во туристички Охрид и Струга. Најголем дел од лицата кои питачат се малолетници од Битола, Скопје и источна македонија. СВР Охрид спроведува акциски контроли не само во централното градско подрачје туку и во периферните делови на двата крајезерски града со цел да се превенира оваа појава.
Комуналец подига 25 метри кубни отпад дневно од стар град
Од ЈП апелираат жителите и угостителските објекти во стариот дел од градот комуналниот смет да го изнесуваат во времето кога поминуваат нивните возила. Без соработка со граѓаните и угостителите не може да имаме слика за чист град, велат од ЈП.
Св. Кирил и Методиј Солунски
Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја, почнувајќи од деветти век. Наречени се сесловенски просветители и рамноапостолни (еднакви на апостолите). Се почитуваат во сите словенски земји.
Зградата на ОУ Св. Климент Охридски ќе добие нови врати и прозори
По завршување на туристичката сезона ќе стартува уредувањето на просторот кај Табана и реконструкција на дел од улицата Коста Абраш. Наскоро се очекува да се започне изградбата на пешачката патека од Саат Кулата кон Горна Порта. Проектите се дел од 8 -те одобрени преку Центарот за Југозападен плански регион .
Zara има тајно оружје со кое ги победува конкурентите
Повеќето трговци со популарни модели тешко го држат ритамот на Zara
ОХРИДСКИТЕ АКЦИЈАШИ НАЈДОБРИ НА ОРА „РИБАРИЌ“ ВО СРБИЈА
Гадоначалникот Константин Георгиески, денеска имаше средба со младинската бригада од Акцијашкиот клуб „ Брег на младоста“ од Охрид, која учествуваше и беше прогласена за најдобра на Младинската работна акција „ Рибариќ“ што се одржа од 14 до 21 јули во Нови Пазар, Република Србија.
Промоција на авионската линија Охрид-Лондон-Охрид
„ТАВ Македонија“ ќе одржи промоција по повод официјалниот почеток на директната авионска линија Охрид-Лондон-Охрид.
Зголемен број на ноќевања во студенскиот дом
Со сопствени средства студенскиот дом Никола Карев набави 24 лед телевизори со кои се опремија исто толку соби. Вработените во домот се трудат и оваа година да понудат што подобри услови на сместување на гостите кои се повеќе избираат да престојуваат во домот.
Струшкиот градоначалник го раскина договорот со старите и ангажира нови фирми да го чистат снегот од струшките улици
Според него, тешката ситуација во која се најдоа граѓаните од Струга и околината е во најголема мера поради неодговорноста на двете компании кои првично биле ангажирани да го чистат снегот. Градоначалникот со ветување до стружани дека ваквата ситуација во иднина нема да се повтори.