Заев : Почитуваниот советник Нефи Усеини сам да си ги отстрани дивоградбите или државата ќе ги руши
Почитуваниот советник Нефи Усеини сам да си ги отстрани дивоградбите кои не можат да се легализираат, затоа што државата ќе ги руши, ова е дел од одговорот на премиерот заев на новинарско прашање на денешната прес конференција во владата. Премиерот кажа дека доколку локланта власт во Охрид не го спроведе законот ќе и бидат одземени ингеренциите. Градоначалникот Константин Георгиески, неодамна изјави дека очекува поддршка од државата и дека ќе ја добие за справување со дивоградбите.
Стоилковски: Прекршувањето на закон едноставно кажано е криминал
Партискиот портпарол Наум Стоилковски укажа на законските казни при градењето на дивоградби . Прекршувањето на закон едноставно кажано е криминал и за тоа мора да има кривична одговорност, порача Стоилковски.
Во четврток повторно „парламентарките“ на репертоар
На репертоарот на Народниот театар Охрид, овој четврток охридската публика ќе има можност повторно да ужива во претставата “Парламентарки“.
Се очекуваат 3,2 милиони туристи да ја посетат земјава во 2019 година
Анализите за посетеноста на земјава за изминатите 6 месеци покажале дека во пораст е бројот на хрватските, грчките и туристите од Полска. Загрижувачки е падот на домашните и турските туристи во земјава.
Google подарува бесплатно алатки за обработка на фотографии
Пакетот до неодамна чинеше 499 долари, а Google сега го нуди бесплатно
Започна изградбата на репродуктивниот центар за елени на Галичица
Проектот, вреден 340.000 евра, е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Објавен распоредот за екстерно тестирање
Министерството за образование и наука информира дека распоредите за екстерното тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование се објавени на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.
Државните институции задолжени јавно да ги објавуваат податоците за јавните набаки, за локалните самоуправи само препоракa
Владата на последната седница ги задолжи сите органи на државната управа на своите интернет страници, да објават линкови од објавените годишни планови за јавни набавки. Владата оваа постапка за транспарентност на јавните набавки им ја препорачува и на единиците на локалната самоуправа.
Трибина за дрвениот мост во Струга
Отстранувањето на традиционалните елементи во Струга е најлошото нешто што може да се случи во една општина како што е тоа градот на мостовите. Дрвениот мост беше дел од таа приказна со несреќен крај, кој пропадна поради недоволна грижа на минатата власт. Ова беше кажано на денешната трибина во Струга посветена на некогашниот мост кој се наоѓа меѓу централниот и оној на поезијата. Градоначалникот Зијадин Села оптимист, верува дека до крај на неговиот мандат ќе изгради нов мост.